Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Заменик-министерката за финансии се сретна со шефицата на Канцеларијата на ММФ за Западен Балкан

Објавено

на

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези оствари средба со шефицата на новата Канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Западен Балкан Стефани Ебле, во насока на добрата соработка и партнерството што земјава го има со Фондот.

На средбата беа дискутирани состојбите во економијата, како и реформите и мерките кои Владата ги презема во насока на решавање на клучните предизвици. Исто така беше зборувано и за техничката помош која Фондот и ја дава на земјата, од аспект на консултативни услуги за институциите.

Елези посочи дека макроекономската состојба е стабилна, исто како и дека проекцијата за раст годинава е ревидирана од 3,2% на 3,5%.

Заменик-министерката рече дека Министерството за финансии презема мерки за намалување на сивата економија. Таа ја посочи мерката МојДДВ со која на граѓаните им се враќа 15% од наплатениот ДДВ и рече дека истата веќе дава резултати, бидејќи наплатата на ДДВ е зголемена. Како друга мерка заменик-министерката го посочи законскиот лимит за готовинско плаќање.

Беше дискутирано и за проценката на управувањето со јавните инвестиции, која ќе почне да се спроведува заедно со ММФ од следната година,  како една од алатките за подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавните инвестиции.

Криптовалути

Цукерберг ставен на маки – Ја доби првата тужба за Libra

Објавено

на

Facebook не може да крене глава од проблеми поврзани со амбициозно најавената крипто платформа Libra која никако да се етаблира според замислите. Сега Facebook ја доби првата тужба и тоа за нарушување на авторски права, поточно за копирање на лого.

Тужбата ја покрена Current, компанија која се занимава со мобилно банкарство. Нивното лого е речиси идентично како и на Calibra, компанијата која беше основана од Facebook за да управува со Libra проектот.

Логоата на двете компании се изработени од истата фирма, Character од Сан Франциско. Current тврди дека нивното лого било регистрирано неколку дена пред Facebook да објави дека ќе развива сопствена криптовалута и посебен крипто дигитален паричник за управување со трансакциите.

„Facebook ги има сите пари и ресурси во светот. Ако тие навистина сакаат да го направат банкарството повеќе инклузивно, фер и достапно, тогаш требаше да смислат сопствени идеи и брендинг како што ние направивме“, истакна Стјуар Соп главниот извршен директор на Current.

Исто така Facebook ги изгуби речиси сите значајни партнери во Libra асоцијацијата меѓу кои PayPal, e-Bay, Stripe, MasterCard и Visa кои истакнаа дека повеќе нема да бидат дел од платформата и тоа пред да се одржи првиот состанок на бордот на директори во понеделник.

Продолжи со читање

Останато

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

Објавено

на

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

Објавено

на

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange