Connect with us

Останато

Закрепнување на расположението кај инвеститорите во еврозоната

Објавено

на

Деловното расположение кај инвеститорите во еврозоната овој месец бележи подобрување над очекувањата, со забележан прв раст од почетокот на војната во Украина. Последното истражување на деловното расположение покажува дека сепак многу од компаниите сè уште не чувствуваат поголеми инфлаторни влијанија и тесни грла во снабдувањето како што се претпоставуваше.

Индексот на инвестициската клима во еврозоната пресметан од агенцијата „Сентикс”, се искачи на минус 15,8 поени во јуни од минус 22,6 поени во мај, што беше најслаб показател од јуни 2020 година.

„Колку и да изгледаат импресивно на прв поглед подобрувањето на ситуацијата, малку е веројатно дека тоа ќе значи економски пресврт”, рече извршниот директор на „Сентикс” Манфред Хибнер.

Тој посочи дека додека потрошувачите ги трпат последиците од растот на цените, многу компании успеаја да го пренесат притисокот врз клиентите, а во прилог им одеше и активноста на потрошувачите кои брзаа да купат стоки и услуги за да ги избегнат поскапувањата.

Економскиот експерт вели дека сепак таа фаза наскоро ќе заврши, бидејќи крајните потрошувачи во одреден момент ќе мора да ги намалат своите купувања, а монетарната политика во еврозоната би можела да стане порестриктивна.

Индексот на тековните услови за инвестирање бележи подобрување на минус 7,3 поени во јуни од минус 10,5 поени во мај, а индексот на инвестициските очекувања се искачи на минус 24 поени во јуни од минус 34 поени во мај.

За потребите на анализата спроведена од 2 до 4 овој месец „Сентекс” собра податоци од 1.225 инвеститори во 19-члениот монетарен сојуз.

Останато

Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок

Објавено

на

Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно