Connect with us

НБРМ

Заедничка средба на претставници на членките на Стопанската комора на Македонија со гувернерката на НБРМ

Објавено

на

Во организација на Стопанската комора на Македонија, се одржа заедничка средба на претставници на компаниите членки на Комората со гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

На средбата беа разгледани повеќе прашања, меѓу кои и тековниот макроекономски амбиент и состојбите во банкарскиот систем. Имајќи го предвид значењето на макроекономската и финансиската стабилност при носењето на деловните одлуки и планови на компаниите, посебен акцент беше ставен на разгледувањето на последните очекувања на Народната банка во овој поглед, а особено на  макроекономското сценарио за периодот 2018-2019 година. Во овој контекст, гувернерката на НБРМ даде детален осврт на клучните претпоставки за надворешното окружување, коешто е особено важно за мала и отворена економија како македонската. Притоа, беше потенцирано дека глобалната економија и понатаму закрепнува, но со понагласени ризици во контекст на сè поизразениот глобален трговски протекционизам.

Во понатамошниот тек на дискусијата се разгледуваа проекциите на Народната банка во однос на економската активност, инфлацијата, надворешната позиција на економијата и кредитната активност на домашниот банкарски систем. Гувернерката истакна дека и овие последни проекции посочуваат на здрави фундаменти на економијата, со потенцијал за раст, без притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, коишто се во сигурната зона. Поддршка на економијата се очекува и од банкарскиот систем, којшто и натаму е стабилен, ликвиден и добро капитализиран. На средбата беа разгледани и најновите економски и финансиски показатели, при што беше заклучено дека тековите се главно во согласност со очекувањата, со исклучок на економската активност којашто е послаба заради инвестицискиот пад и ја покажува потребата од побрзо и посилно ревитализирање на циклусот инвестиции. Посебно внимание им беше посветено и на можните внатрешни и надворешни ризици во периодот што следува.

Во вториот дел на средбата, гувернерката на НБРМ водеше плодна дискусија и со присутните претставници на членките на Комората, при што одговори и на бројни прашања упатени од нивна страна. На средбата беше укажано дека ваквата дискусија и отворен дијалог со гувернерката на централната банка е од исклучителна важност за подобро запознавање на бизнис-заедницата со видувањата на НБРМ, коишто се клучни при одлучувањето на централната банка, што потоа се одразува и на целокупната економија.

Оваа средба беше одржана заради унапредување на јавно-приватниот дијалог. Во завршницата на средбата, гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Комората, г. Бранко Азески, заеднички нагласија дека ваквите средби ќе продолжат и во иднина и дека дополнително ќе се работи на унапредување на соработката и комуникација меѓу централната банка на Република Македонија и бизнис заедницата.

НБРМ

НБРМ: Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери

Објавено

на

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, на 18 октомври 2018 година, за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија беа именувани м-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Ден потоа, пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, г. Талат Џафери. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“

Објавено

на

На 18. и 19. октомври 2018 година Народната банка на Република Македонија е домаќин на семинар организиран од страна на Европскиот банкарски орган и  Европската банка за обнова и развој на тема: „Справување со нефункционалните кредити во ЕУ: регулаторни и супервизорски активности“. Имајќи го предвид негативното влијание коешто го имаат нефункционалните кредити врз работењето на банките во меѓународни рамки, на семинарот ќе бидат презентирани најзначајните активности преземени во рамките на ЕУ за решавање на нефункционалните кредити, како од аспект на промените (предлозите за промени) во постојната банкарска регулатива, така и во поглед на супервизрските активности за справување со сеуште високиот износ на нефункционални кредити кај кредитните институции во ЕУ. Покрај ова, на семинарот ќе бидат презентирани и искуствата на неколку земји од регионот во решавањето на нефункционалните кредити. Преку размената на искуствата и согледувањата стекнати во процесот на решавање на нефункционалните кредити, ќе се овозможи натамошно зајакнување на овој процес во одделните земји, но и усогласен пристап во идните активности коишто треба да се преземат заради натамошно справување со проблемите предизвикани од поголемото присуство на нефункционални кредити.

На семинарот ќе присуствуваат претставници на регулаторните и супервизорските органи од Албанија, Словенија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска и Македонија.

На почетокот на семинарот, воведно обраќање имаше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска, која посочи на тоа дека и по десет години од почетокот на глобалната криза, проблемот на нефункционалните кредити се уште има големо значење во глобални рамки. Таа потенцираше дека правилното справување со овој проблем и развивањето на механизми за превенција се исклучително важни за непречено функционирање и раст на активноста на банките. Меѓудругото, таа се осврна и на македонското искуство, потенцирајќи го релативно пониското ниво на нефункционални пласмани во однос на регионот. Причините за тоа се отсуството на прекумерен кредитен раст во пред-кризниот период, малото потпирање на банките на надворешно финансирање и многу важно, прудентната регулаторна рамка.  И покрај фактот што овој проблем во Македонија не е изразен како во други земји, гувернерката ја нагласи свесноста за потребата од располагање на механизми за превенција. Токму од оваа причина во тек е и заокружувањето на “Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити”, како меѓуинституционална и систематизирана рамка за решавање и спречување на проблемот на нефунционални пласмани. 

Продолжи со читање

НБРМ

Учество на гувернерката на НБРМ на настан по повод европскиот ден на статистиката

Објавено

на

По повод европскиот ден на статистиката, денес на Економскиот факултет – Скопје, се одржа настан под мотото „Подобри податоци – подобар живот“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange