Connect with us

Останато

Заев со нов пакет мерки: Државата ќе покрие минимална плата за сите, кредитите да се одложат, а фирмите што ќе прават екстра профит на грб на граѓаните ќе се национализираат

Објавено

на

Зоран Заев, во улога на претседател на владејачката партија СДСМ го најави новиот пакет на мерки кој ќе биде доставен до Владата со цел да се овозможи директна помош на економијата погодена од кризата со корона вирусот, а со цел спречување на масовни отпуштања, затворање на фирми и намалување на потрошувачката што би имало долгорочни последици.

„Сите наши капацитети, сите наши сили мора да ги насочиме во борба против корона вирусот, во заштита на граѓаните, и справување со економските последици од оваа глобална пандемија. Економските последици од оваа криза ќе бидат огромни и ќе ги опфатат сите економии. Пред нас е период на сериозни економски предизвици, за граѓаните, за фирмите и за стопанството. Подготвивме огромен пакет на економски мерки кој го доставуваме до Владата. Главна цел е да ја одржиме јавната и приватната потрошувачка за да ја спасиме економијата. Овие мерки се поставени на здрава финансиска основа со вкупна вредност од 200 милиони евра за поддршка на економијата, граѓаните и компаниите“, истакна Заев на денешната прес конференција.

Во продолжение ви ги пренесуваме сите мерки кои беа најавени, а се очекува наскоро да се најдат на владина седница: 

Како прво ќе обезбедиме минимална плата за април и мај за секој работник во приватните фирми погодени од пандемијата. За сите фирми Владата ќе помогне со исплата на една минимална нето плата по вработен за април и мај. Фирмите сами ќе ги платат придонесите за плати и персонален данок. Останува на фирмите да одлучат да исплатат и поголема плата што го охрабруваме доколку се во можност. Нема да бидат опфатени дејностите кои не се погодени од кризата бидејќи тие имаат мали и несериозни последици. Оваа мерка ќе може да ја користат сите фирми кои нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега во текот на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси по основ на добивка од 2019 година. Нема да се пресметува минимална плата за вработените кои имаат регуларна плата од над 39.900 денари. Фирмите кои ќе аплцираат мора да имаат во тој момент најмалку ист број на вработени како пред да дојде кризата со корона вирусот. Критериумите ќе ги одредиме јасно и прецизно за да нема отпуштање на вработени како и нарушување на стабилноста на фирмите. Тие ќе може повторно да ги вработат работниците ако веќе ги отпуштиле и потоа да аплицираат за мерките. Правиме се за секој работник да го задржи работното место и да ја добие барем минималната плата за што државата ќе одвои 120 милиони евра. За граѓаните кои останале без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест од половина од просечната нето плата за последните месеци согласно Законот за осигурување на вработување.

Сите функционери и раководители одат на минимална плата. Сите избрани функционери на државно и локално ниво ќе земаат минимална плата за април и мај. Сите вработени во јавниот сектор ќе одат на минимална плата на државно и локално ниво од 14.500 денари за април и мај. Оваа мерка не се однесува на медицинскиот персонал, војската и полицијата. Подобро да издржиме два месеци отколку да дозволиме целосен крах.

Претседателите и членовите на управните одбори на јавните претпријатија ќе работат без надомест. Ова не е време за екстра надоместоци.

Заштедите кои ќе се остварат во наредниот период ќе имаат обврска да ги уплатат во Фонд за борба со корона вирусот отворен во Буџетот на државата.

7.000 денари по домаќинства кои останале без работен ангажман или се дел од неформалната економија. За нив ќе се овозможи брз влез во системот на социјална заштита за месеците април и мај. Тие ќе добијат по 7.000 денари по домаќинства. Ќе овозможиме и дополнителна исплата на енергетски додаток за семејствата во социјален ризик.

Се суспендира Законот за извршување до крајот на јуни, а извршителите ќе бидат обврзани да ги запрат налозите. Ова нема да важи за средствата кои веќе се легнати на сметки за префрлање на сметките на доверителите, освен во случаи кога се работи за наплата на алиментација на деца на самохрани родители.

Банките ќе треба да ги одложат наплатите на кредите за три месеци, на граѓаните и фирмите погодени со кризата. Благодарение на координацијата со Народната банка и финансиските институции и комерцијалните банки ова е прифатено. Дел од банките истакнаа дека ќе овозможат и поголем период на одложена наплата. Доколку овие препораки не се почитуваат ќе се донесе уредба со законска сила, но верувам дека нема да дојде до тоа.

Се ослободуваат од плаќање на закуп корисниците на социјалните станови. Ќе се ослободат од плаќање закуп на деловен простор од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор. Препорачувам ова да го сторат и сите приватни издавачи на деловен простор кон нивните клиенти на одложено време за да се покаже солидарност.

Банката за развој на РСМ ќе пушти дополнителни 6 милиони евра бескаматни кредити за фирмите погодени од кризата за кои државата ќе ја покрие каматата. Дополнителни 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки, а Банката за развој на РСМ ќе пушти исто така евтини кредити со каматна стапка од 1%, додека пак трошокот ќе го покрие Владата.

Ќе се забрани фирмите да одат во стечај додека трае кризата со што ќе се спречи наплата на долгови.

Ќе се овозможи помош на медиумските куќи и медиумските работници. За нив ќе се обезбеди помош од една минимална плата за вработените за април и мај. Истото ќе важи за работниците од спортот и уметноста.

За пензионерите и ранливите групи ќе се овозмож од 7 до 9 часот наутро исклучиво да може да одат во аптеките по лекови, како и за бремените жени.

Ако се докаже дека некоја фирма остварила екстра профит на сметка и товар на граѓаните, Владата може со уредба да донесе одлука за национализација на компаниите.

Останато

УЈП го заокружи и третото тримесечје од МојДДВ, граѓаните ќе добијат 5,6 милиони евра!

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мерката МојДДВ нема да се стопира, но можно е да се овозможи опција за донирање

Објавено

на

Владата засега не планира да ги стопира мерката поврат на ДДВ кон граѓаните „МојДДВ моја заштеда” и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес конференција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од кризата

Објавено

на

Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно