Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

ЗАЕВ: Едно семејство може да добие до 28.800 денари од мерката поврат на 15% од ДДВ

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните, а првата исплата на нивните трансакциски сметки ќе биде во декември. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари, односно најбогатите тука ќе бидат ограничени.

Проектот кој беше ветен како еден од првите уште во предизборната програма на владејачката партија, ќе започне да се спроведува од 1 јули, најави премиерот Зоран Заев кој додаде дека е исполнето уште едно ветување на враќање на парите кај граѓаните, мерка која ќе важи за сите подеднакво, а со која и граѓаните ќе помогнат во битката против сивата економија.

„Важно е  дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала. Исплатата е дури во декември за да ги тргнеме сите недостатоци кои би се појавиле, иако верувам дека системот е многу добро поставен. Најдобро е секој да си има своја евиденција, но доколку некој не може да се снајде со сметките, може да му ги дава на роднина или друг близок и да побара помош од него. Важно е да не се остави простор на сивата економија, која реално прави огромни штети. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра според нашата проекција на буџетот. Овое средства ќе бидат силна мотивација за граѓаните, бидејќи знаат дека со овие дополнителни средства ќе решат одредено буџетско прашање, како напривен снабдување со огрев за грејната сезона“, рече премиерот Заев.

Останато

КД Фондови се ребрендираше во Генерали Инвестментс

Објавено

на

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови се ребрендираше во Генерали Инвестментс. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: ММФ два пати ја зголемува проекцијата за раст на македонската економија, во услови кога ја намалува оценката за глобалната економија

Објавено

на

Во услови кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намалува проекцијата за глобалниот раст, по втор пат годинава ја зголемува проекцијата за растот на македонската економија. Ова значи дека  изгледите за растот на македонската економија се добри, а уште побитно е дека зборуваме за раст кој се должи на добри резултати во сите економски сектори, рече во интервју за Гласот на Америка, министерката за финансии Нина Ангеловска, која учествува на Годишните средби на Светска банка  и ММФ во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

Објавено

на

Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10 милиони ќе бидат грант средства од ЕИБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange