Connect with us

Форекс

Загребска берза значајно го зголемува уделот во Македонска берза!?

Објавено

на

Финансискиот регулатор на Северна Македонија ѝ одобри на Загребската берза да го зголеми нејзиниот удел во Македонска берза од 5,3 на 15,19 проценти со стекнување на 276 акции, објави Загребската берза.

Загребската берза (ЗСЕ) продолжува да се шири и на другите регионални пазари. Според ЗСЕ, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија донесе одлука да и одобри на Загребската берза натамошна аквизиција на акции на Македонска берза.

Откако Загребската берза се здоби со удел од 5,3 проценти на македонскиот пазар на капитал на крајот на 2019 година, регулаторот таму позитивно ја оцени деталната документација доставена од Загреб и се согласи на понатамошно стекнување акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадени акции со право на глас. Така, Загребската берза има намера да го зголеми сопственичкиот удел на Македонската берза од 5,3 на 15,19 проценти со стекнување на 276 акции, или 9,89 проценти од акциите на Македонската берза, објави ЗСЕ на нејзината интернет страница.

Двете берзи соработуваат многу успешно многу години со размена на знаења и искуства, а интензивно од 2014 година, кога заедно со Бугарската берза беше основана компанијата SEE Link d.o.o. Скопје, во која трите берзи делат еднакви сопственички удели. Соработката дополнително се интензивираше во 2019 година, кога Македонската берза на хартии од вредност потпиша ексклузивен договор за соработка со хрватската компанија Funderbeam Југоисточна Европа д.о.о. (Funderbeam ЈИЕ), во која берзата во Загреб има третина од сопственоста и е дел од естонската фондација Funderbeam, која управува со платформа за финансирање стартапи.

Партнерството со Македонската берза на хартии од вредност на ова поле е едукативно и промотивно, со цел да им се презентираат на локалните компании можностите за собирање капитал преку оваа иновативна платформа со цел понатамошен развој на бизнисот и созревање до фазата на потенцијално котирање на берзата.

На почетокот на овој месец, двете берзи потпишаа договор за соработка во областа на едукативните услуги што ќе им ги обезбедува на учесниците од Македонија академијата на Загребската берза, а компаниите котирани на Македонската берза учествуваат на конференции за инвестиции организирани од Загрепската берза.

Ивана Гажиќ, претседател на Управниот одбор на Загрепската берза изјави: „Нашите два пазари се многу блиски. Консолидацијата е природен развој на патот не само за помалите, туку и на глобалните, големи пазари на капитал. Целта е да им се обезбеди на пазарите поголема видливост, а на инвеститорите и компаниите подобра и поекономична услуга и повеќе можности да инвестираме и да собереме капитал. Долги години успешно соработуваме со нашите колеги од Македонија и нашата намера е понатаму да ја продлабочуваме оваа соработка на заедничко задоволство и придобивка на двете економии”.

Форекс

Порасна цената на нафтата поради намалена понуда

Објавено

на

Цените на нафтата се искачија до 86 долари на меѓународните пазари поттикнати од ограничувањата на понудата и послабиот долар што ја засени можната нова аукција на нафта од стратешките резерви на Кина на почетокот на февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Објавено

на

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец декември?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец декември 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно