Connect with us

НБРМ

Заврши успешниот седумгодишен мандат на Димитар Богов како гувернер на НБРМ

Објавено

на

Досегашниот гувернер на НБРМ и човекот на кој со години не можеше да му се забележи никаков израз на ликот, Димитар Богов, дури и кога соопштуваше најнепријатни вести, денеска попушти пред своите најблиски соработници со кои седум години соработуваше и со солзи во очите се збогуваше од нив.

Сега веќе поранешниот гувернер Богов, кој седум години успешно ја градеше макроекономската политика, својот мандат ќе го памети најмногу по двата силни негативни шока, а тоа се грчката должничка криза и домашната политичка криза којашто кулминираше со шпекулативниот напад на девизниот курс и стабилноста на банките. Сепак, со него на чело, НБРМ успеа успешно да ги преброди пред се поради неговата професионалност и голема посветеност кон работата вложувајќи се максимално.

„Во седумгодишниот период додека бев гувернер на Народната банка на Р.Македонија, просечната стапка на инфлација во Македонија изнесуваше 1,5 проценти, а во еврозоната 1,2 проценти, Девизниот курс на денарот во однос на еврото беше одржан на стабилно ниво, а покрај оние редовни турбуленции имавме и два силни шока. Првиот беше грчката должничка криза, а другиот домашната политичка криза што кулминираше со шпекулативниот напад врз денарот и стабилноста на банкарскиот систем. Тоа беше огромен тест за нас како Народна банка, но успешно го решивме во соработка со сите вработени” – изјави Димитар Богов на прес-конференцијата пред да ја предаде функцијата на новата гувернерка.

Кормилото на Централната банка од него го презеде довчерашната вицегувернерка Анита Ангеловска Бежоска. Бежоска беше избрана вчера едногласно, со поддршка од сите параламентарни партии, на предлог на претседателот Ѓорѓе Иванов. Сега веќе новата гувернерка на НБРМ, како прва жена гувернер утрово положи заклетва во Собранието. Таа кариерата ја градеше најпрво во Министерството за финансии, па во ММФ, а потоа во НБРМ како вицегувернер.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, денес и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ со поддршка од НБРМ: Oддржана меѓународната веб-конференција „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”

Објавено

на

Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”, на која учесници беа вработени и раководители во одделите за платни системи и платежни услуги на повеќе централни банки и други финансиски институции на земји од Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange