Останато
Заврши виртуелниот Самит Македонија 2025


Претприемништво, непроценливата вредност на вработените за успехот на еден бизнис, младите и иновациите, беа главните теми на последниот ден од виртуелниот Самит Македонија2025. Самитот денеска започна со панел-дискусијата насловена “Што е потребно за врвен успех: интервју со најуспешната жена-претприемач со македонско потекло во светот“ односно Сузан Ничовски, која е основач и претседател на „The Summer Fresh Salads Inc.“ во Канада. Во своето излагање таа истакна дека карактеристиките на успешен претприемач се смелост, искреност и интегритет.
„Како совет за градење успешен бизнис би сакала да истакнам дека вие сте онолку добри колку што е добар тимот што сте го направиле околу вас. Вработувајте луѓе кои имаат идеи, и ве прават да изгледате подобри и посилни. Секако, морате да имате добар бизнис план и постојано да се држите до неговата суштина за да имате успешна реализација на бизнисот.“ – посочи Ничовски.
Следната панел-дискусија направи детален осврт на темата “Вреднување на нашето најценето богатство – луѓето“ каде се зборуваше за тоа дека токму вработените и нивните вештини, знаење, продуктивност, се најважниот ресурс во една компанија. На крајот од денот, тие се оние кои ја сочинуваат успешноста или неуспешноста на бизнисот.
Деветотто издание на Самтиот Македонија2025 го заокружи специјалниот настан со Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски и успешните млади Македонци за иновациите и кодирањето. На настанот беа претставени три типа на проекти – проектите на талентиранте млади од Фондот за поддршка на талентирани средношколци/студенти на Македонија2025, три тима од проектот со кодирање „Училишта на 21-от век“ и тимот составен од учениците во ОУ „Св. Кирил и Методиј“.
На Самитот официјално беше најавен и Охридскиот камп за Hi-Tech (високо технолошка) извонредност (Камп за кодирање и роботика за дијаспората), кој комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика за млади луѓе од нашата земја, но и млади Македонци од дијаспората. Овој проект се реализира под покровителство на Претседателот на С. Македонија, г. Пендаровски.
Организаторите се задоволни од уште еден успешен настан со верба дека заедно покажавме дека поседуваме знаење, волја и способност за надминување на бариерите од сегашната здравствена и економска криза, насочувајќи се кон иднината.
Останато
Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)
Криптовалути
Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари


Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)
Останато
Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе


Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје