Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Зависноста од смартфоните е се поголема – 35% од Европејците попрво би избрале полнење на телефон отколку пари

Објавено

на

Мобилните телефони повеќе не се само метод на комуникација, туку се значајни емоционални и физички ресурси, согласно најновото Европско истражување на Samsung: 35% од луѓето преферираат да им се позајми полнење на телефон отколку пари.

Студијата на повеќе од 6.500 испитаници покажува дека споделување батерија за телефон е многу значаен подарок во модерниот свет. Кога го позајмуваме нашиот телефон или неговата батерија, ние споделуваме личен дел од самите себеси и создаваме лично поврзување, кое има придонесено за раст на новиот вид на општествена вредност и човеково однесување – “дигитална добрина“.

Истражувањето покажува дека желбата на некој да му ја дадеш телефонската батерија е индикатор за тоа колку се грижиш, што го зголемува нивото на поврзаност (или желбата за поврзаност) со некого. На пример, испитаниците најмногу се двоумеле да ја споделат батеријата со странец (14%), наместо со колега (39%), член на семејството (72%), пријател или партнер (двете на 62%).

Во секој случај, споделувањето на батеријата има моќен исход за сите. 62% од луѓето велат дека тие би му купиле кафе на странец ако им дозволат полнење на батерија за возврат. 7% рекле дека дури би сакале да одат на состанок со него/неа.

Споделување на батеријата од телефонот може да се види како дел од  модерното рандеву и како нешто што може да ја зацврсти романтичната врска: преку една петтина (21%) од сите испитаници рекле дека истото би било многу значаен гест на состанок. Сепак, 76% остануваат претпазливи и не би ја споделиле својата батерија со некој на првиот состанок, додека просечниот дел од нив претпочитаат да почекаат до третиот состанок.

Оваа најнова општествена валута во романтичните врски преовладува во Gen Z и миленијалците: околу две третини од испитаниците (62%) на возраст од 18-34 години би ја споделиле батеријата со личност која им се допаѓа со цел да ја запознаат подобро.

„Согласно истражување на Маслоу – психолог кој ги истражувал потребите кои го поттикнуваат човековото однесување – нашите телефони брзо прераснуваат во секојдневен приоритет“, вели Кетрин Темплар Луис, бихевиорален психолог.

„Понудувајќи нешто толку значајно како полнење на батеријата активира региони и хемикалии во мозокот кои што се поврзуваат со задоволство и доверба. Бранот на окситоцин предизвикува топол ефект на сјај, познат како ‘еуфорија на помагач’, која води кон појака општествена врска. Споделувањето на енергија е одличен начин за да се запознаат нови пријатели или да се поттикне романса затоа што отвора нова димензија во човековото однесување и интеракција.“

PowerShare технологијата на Samsung Galaxy S10 им овозможува на корисниците безжично да ја споделат енергијата од батеријата на телефонот со други компатибилни уреди. Истата е движечка сила на оваа општествена валута која е во развој.

„Новата технологија која им овозможува на телефоните безжично споделување на енергијата од батеријата ја отстранува зависноста од традиционалните полначи и помага во еволуцијата на модерното човеково однесување“, вели Марк Нотон, Директор, Портфолио за мобилни продукти и стратегија, Samsung Electronics.

„Интересно, нашето истражување открива дека давајќи му на некого дел од својата батерија за да му помогнеш е моќен начин на општествено поврзување и  причина за поголема доверба во модерните врски. Прашувајќи некого да ја сподели енергијата со тебе или – или дури да споделите енергија со нив – истото може да прерасне во нешто вообичаено.“

Останати клучни наоди се:
Gen Z и Миленијалците најмалку би споделиле со странец:
Оние на возраст од 18-34 години најмалку е веројатно да споделат енергија со странец на кој истото му е потребно (21%).

Baby boomers ќе споделат со странци, но не за љубов:
Оние над 55 години најверојатно ќе споделат енергија на батерија со странец во потреба (36%), но најневеројатно е дека ќе споделат за можна романтика (21%).

И покрај бенефитите, сите сме претпазливи споделувачи:
Една третина (33%) велат дека би излажале за нивото на батеријата за да избегнат нејзино споделување.

Канцеларијата не е толку пријателско место кога се зборува за споделување:
41% од испитаниците одговориле дека прашањето од колеги да го позајмат телефонот или енергија од батерија е едно од најдосадните прашања на работа.

Истражувањето се реализирало со цел да се одбележи лансирањето на Samsung S10. Samsung има развиено и водич за “дигитална добрина“ што ќе им помогне на сите со PowerShare функцијата, и сега и во иднина.

За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со своите трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, смартфоните, уредите дизајнирани за носење, таблетите, дигиталните апарати, мрежните системи, и меморијата, LSI системи, леењето и ЛЕД технологијата. За најновите вести, Ве молиме посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com.

Повеќе

Криптовалути

Криптовалутата Libra под истрага на Европската Комисија

Објавено

на

Веста дека Фејсбук ќе создаде своја криптовалута, односно ќе подигне потполно независна платформа за дигитални плаќања, ја разбранува јавноста во политичкиот и бизнис секторот, односно ги заинтересира законодавците и регулаторите.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Иновацијата не е луксуз туку потреба!

Објавено

на

Иновацијата не е луксуз туку потреба! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Балканец најде оригинален начин да и се одмазди на банката

Објавено

на

Србин кој бил должник во швајцарска банка одлучил на банката да и се одмазди на свој оригинален начин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange