Осигурување
Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за девет месеци

Вложувањата во животно осигурување во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра). Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
„Во периодот јануари – септември петте компании за животно осигурување склучиле над 39.000 договори за осигурување. Во износот на вкупни вложувања во животно осигурување најголемо е учеството на осигурување живот во кое е вклучена и штедната компонента. Овој осигурителен продукт со полисата за осигурување живот нуди можност вложените средства за осигурување да се штедат и по истек на рокот на полисата да му бидат исплатени на осигуреникот. Во осигурување живот со штедна компонента во првите девет месеци годинава се вложени 838 милиони денари (13,6 милиони евра)”, велат од АСО.
Додаваат дека во класичното животно осигурување кое покрива ризик смрт, во овој период, се вложени 237 милиони денари (3,9 милиони евра).
„Овој продукт, популарно познат како „ризико осигурување”, нуди финансиски надомест за членови на семејство или блиски лица во случај осигуреникот да почине, но нема штедна компонента. Тоа значи дека вложените средства не се враќаат на осигуреникот на истек на договорот за осигурување”, појаснуваат од АСО.
„Јунит линкд” осигурувањето, истакнуваат, е најновата класа на нашиот осигурителен пазар за животно осигурување.
„Кај ова осигурување вложените средства не се штедат, туку се вложуваат во удели на инвестициски фондови кои купуваат акции и други хартии од вредност кои се тргуваат на светските берзи. Кај оваа класа осигурување ризикот од вложување го носи осигуреникот. Затоа и нема гарантирана осигурена сума која се исплаќа кога завршува периодот на осигурување. Тоа значи дека кога истекува рокот на договорот осигуреникот добива колку што во тој момент вредат уделите на инвестицискиот фонд во кој се вложени парите. Во првите девет месеци во овој осигурителен производ се вложени 250 милиони денари (4,1 милиони евра). Забележлив е тренд на раст на ова осигурување во вкупното животно осигурување”, посочуваат од АСО.
Нагласуваат дека за првите девет месеци петте осигурителни компании по сите основи исплатиле штети во вкупна вредност од 400 милиони денари (6,5 милони евра). Од тоа при смртни случаи на осигуреници на нивни блиски лица и членови на семејства покриени со „ризико осигурување” се исплатени 36,3 милиони денари (590.000 евра).
„Кај осигурувањата со штедна компонента се исплатени 345 милиони денари (5,6 милони евра) на осигуреници на кои: им истекол договорот, го прекинале осигурувањето или биле обесштетени блиски лица на осигуреници кои починале. Кај „јунит линкд” осигурувањето за овој период се исплатени 17,2 милиони денари (280.000 евра) штети. Во тој износ откупот (предвреме прекинати договори на барање на осигуреници) учествува со 12,6 милиони денари (205.000 евра)”, прецизираат од АСО.
Осигурување
Триглав осигурување Живот се приклучи кон иницијативата на АСО – стипендија за дванаесеете најдобри студенти од Економскиот Факултет при УКИМ

Успешно е реализирана иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето за стипендирање на најдобрите дванаесет студенти од четврта година на Економскиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј во Скопје, од страна на осигурителните компании. (more…)
Осигурување
Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја поддржаа 10 осигурителни компании кои ќе издвојат по 1.000 евра стипендија за секој од студентите и што е поважно ќе укажат простор за практична работа која може да прерасне и во вработување. (more…)
Осигурување
Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра

Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер