Connect with us

Business Man

Живко Мукаетов се стекна со нови 600 акции од Алкалоид АД Скопје

Објавено

на

Првиот човек на нашата најголема фармацевтска компанија, генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, г-н Живко Мукаетов се стекна со 600 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје, известува компанијата преку објава на Македонска берза.

„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 600 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје”, се вели во соопштението на компанијата.

Со својата нова инвестиција, првиот човек на нашата најголема фармацевтска компанија, г-н Живко Мукаетов се повеќе го зголемува својот влог во Алкалоид АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 1.431.353 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 17.860,11 денари.

Фото: macedoniahandball.com.mk

Business Man

Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Објавено

на

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Објавено

на

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Објавено

на

Фото: a1on.mk

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно