Connect with us

Компании

Жена ќе го замени Илон Маск на чело на компанијата „Тесла“

Објавено

на

Производителот на електрични автомобили, „Тесла“, денеска објави дека Робин Денхолм, главната финансиска директорка на австралискиот телекомуникациски оператор „Тестра Корп“, ќе го замени Илон Маск на местото претседател на бордот на компанијата.

Денхолм ќе ја напушти функцијата финансиски директор и шеф на стратегијата на „Телстра“ по истекот на шестмесечниот отказен рок кој и го дала таа компанија, се наведува во соопштението на „Тесла“, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Производителот на електрични возила додаде дека Денхолм како шеф на „Тесла“ ќе има договор со полно работно време.

Таа, според соопштението, привремено ќе се повлече од функцијата претседател во ревизиската комисија на „Тесла“, додека не ја напушти австралиската фирма.

„Тесла“ се соочуваше со сериозни проблеми во изминатите неколку месеци, поради контроверзните твитови на Маск дека обезбедил финансирање за приватизација и повлекување на компанијата од берзата, што подоцна беше одречено.

Компании

Оглас за вработување во Порше Брокер А.Д. Скопје

Објавено

на

Порше Брокер А.Д. Скопје објавува

ОГЛАС

за вработување на
Брокер во осигурување во Скопје (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје

Објавено

на

Македонски Телеком АД Скопје објавува  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Апаве

Објавено

на

Апаве СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange