Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот.
Платформата се развиваше од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, како главен имплементатор на платформата, во соработка со останатите асоцијации за е-трговија во регионот. Целта на оваа веб платформа, која е бесплатна за сите и има информативен и едукативен карактер е да ја зголеми конкурентноста на бизнисите за прекугранична е-трговија во ЦЕФТА пазарите (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Молдавија).
Според информациите во 5-то издание на истражувачкиот труд „ТОП 500 прекугранични е-продавници во Европа“, издадено во март 2023 година, прекуграничната е-трговија во Европа вредела 179,4 милијарди евра во 2022 година, што претставува раст од 4,8% во споредба со претходната година.
Европските онлајн продавници оствариле рекордно висок промет од 105,5 милијарди евра со прекугранично продавање, што е зголемување од 5,5% во споредба со 2021 година.
Развивањето на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА регионот е еден од приоритетите на ЕУ и на владите од регионот, а истовремено и голем предизвик за компаниите кои сакаат да го шират својот бизнис на други пазари со е-трговија т.е онлајн продажба. До сега не постоеше едно место на кое компаниите може да се информираат за сите аспекти поврани за е-трговијата во другите пазари и во главно можностите за преку-граничната е-трговија.
Веб платформата, која е прва од ваков вид, претставува уникатен ресурсен и едукативен центар кој на едно место содржи информации за сите клучни аспекти за започнување и водење на бизнис со е-трговија на едно место, структурирани во 5 модули – податоци за е-трговија, регулатива во е-трговија, е-плаќање, достава и успешни приказни од регионот. Секој од овие модули содржи релевантни информации специфични за конкретниот ЦЕФТА пазар, како и упатства, прирачници, документи поврзани со темата и видео презентации достапни и на англиски јазик и на локалните јазици од секој од овие пазари.
На веб платформата може да се погледне како да се основа бизнис со е-трговија низ неколку едноставни чекори, каков е процесот на една онлајн трансакција и кој учествува во неа, колку се безбедни онлајн трансакциите, кои се правата за заштита на онлајн потрошувачите во секој од овие пазари, кои поштенски оператори се достапни во секој ЦЕФТА пазар, кои се процедурите за увоз и извоз на производи во е-трговија, кои се успешни приказни од е-трговијата за секој ЦЕФТА пазар и можат да се најдат многу други информации и ресурси.
“Е-трговијата, како брзо растечка гранка која е интегрален дел од дигиталната економија нуди остварлива можност за проширување на бизнисите со е-трговија на други пазари и и искористување на потенцијалот на регионот. Сè уште има бројни предизвици што треба да се надминат и иако ЦЕФТА пазарите се сè уште во рана фаза на развој на е-трговијата во споредба со ЕУ, заедничките напори и соработката меѓу земјите би можеле да ја забрзаат регионалната е-трговија. АЕТМ има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија и на сите засегнати компании и организации, да придонесе кон зголемување на знаењето за е-трговија и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Регионалната веб платформа ecommerce4all.eu, е насочена токму кон зголемување на знаењето за е-трговија како во нашата земја, така и во останатите пазари од ЦЕФТА, но и кон подобрување на меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој.” – изјави Д-р Нина Ангеловска, Претседателка на АЕТМ.
Развојот на платформата „Ecommerce4All“ е поддржан од проектот за надворешна трговија на Oтворениот регионален фонд имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во име на Европската унија и Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ). Главна цел е да се подобри меѓународната соработка која го промовира регионалниот и локалниот економски развој и го поддржува автономното спроведување на политиките усогласени со ЕУ, насочени кон постигнување на рамномерен регионален развој на државата.
Повеќе информации за е-трговијата во нашата земја и во регионот дознајте на линкот во продолжение: ecommerce4all.eu
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство