Connect with us

Останато

„Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!” – тема на третата годишна конференција за е-трговија

Објавено

на

Предизвиците, можностите и ефектите од Kовид кризата кон бизнисите ќе бидат во фокусот на Третата годишна конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи онлајн, на 25-ти и 26-ти ноември и е насловена: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.

Традиционално, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, конференцијата ќе биде место каде мноштво истакнати странски и домашни говорници од различни сектори поврзани со е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформални разговори, ќе ја пренесат својата експертиза и искуство од областа на е-трговијата, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата.

„Прилагодувајќи се целосно на состојбата предизвикана од КОВИД пандемијата и потребата на што повеќе бизниси да се префрлат кон онлајн продажба, оваа година конференцијата има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија. Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и прогрес, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфатиме најактуелните теми како: лекции од е-трговијата за време на ковид-19, адаптацијата на комуникациска стратегија во време на криза, подобрување на искуството на е-купувачите преку обезбедување на корисничка услуга, зголемување на онлајн безбедноста и можностите кои ги пружа меѓуграничната е-трговија. Овие теми ќе бидат разработени заедно со над 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите полиња.” – велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Како што потенцираат организаторите, Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат најдобрите совети од реномираните меѓународни и домашни експерти за раст и развој на бизнисот преку користење на придобивките на електронска трговија, како и збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија.

За сите оние кои сакаат да ги надоградат своите познавања од областа на интернет продажбата, билетите за уникатниот онлајн настан по „Early Bird“ цена ќе бидат во продажба во следните 5 дена на официјалниот веб сајт – www.ecommerceconference.mk.

Инаку, минатата година конференцијата ги пресретна и надмина очекувањата на присутните посетители. Беа присутни над 450 учесници, од околу 150 компании, организации, универзитети и владини институции, а свои презентации имаа 30 говорници од 8 земји.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно