Странски банки
ЕЦБ ќе ја поддржи економијата до крајот на корона кризата

Европската централна банка објави дека е подготвена да ја поддржи ликвидноста во Еврозоната сè додека не биде сигурна дека корона кризата е завршена, а Кристин Лагард им порача на владите дека мора да помогнат и да дадат поддршка за закрепнувањето на економијата.
Економската активност во Еврозоната се стабилизираше во последните неколку недели благодарение на олеснувањето на рестриктивните мерки за карантин и движење на населението, но неизвесноста околу брзината и обемот на закрепнувањето и понатаму останува огромна, изјави Лагард на онлајн конференција по редовната седница на ЕЦБ.
Управниот одбор на ЕЦБ ги задржа клучните каматни стапки на сегашното ниво, вклучително и каматната стапка за главни операции на рефинансирање од нула проценти и негативната каматна стапка на депозитите од 0,5 проценти.
На претходната седница, ЕЦБ ја зајакна својата поддршка за европската економија во корона кризата, зголемувајќи ја ликвидноста преку удвојување на вредноста на специјалната програма за откуп на обврзници (PEPP), на 1.350 милијарди евра.
Лагард изјави дека до крајот на јуни, Европската централна банка купила обврзници за повеќе од 360 милијарди евра.
„Програмата „PEPP” е ефикасна, соодветна и функционална. Ние не разгледавме никакви промени во однос на таа програма“, изјави Лагард на онлајн конференцијата.
Осврнувајќи ја инфлацијата, Лагард рече дека основната инфлација е намалена заради пониските цени на енергенсите. „Притисокот врз цените треба да остане многу пригушен заради големиот пад на БДП и придружните поизразени слабости во економијата“, додаде таа.
„ЕЦБ воведе итни вонредни мерки за ублажување на економската штета предизвикана од пандемијата на коронавирусот, но владите мора да помогнат со дополнителни фискални мерки“, истакна шефицата на ЕЦБ.
Лагард се осврна и на предлогот на Европската комисија за фондот вреден 750 милијарди евра за закрепнување на ЕУ од корона кризата.
„Важно е европските лидери брзо да постигнат договор за овој амбициозен пакет за закрепнување на економијата“, рече Лагард.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер