Connect with us

Странски банки

ЕЦБ ќе ги заостри проверките на кандидатите за директори на комерцијалните банки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) планира поригорозно и темелно да ги провери квалификациите на кандидатите за директорски места во банките со цел да ги затвори „дупките” во регулативата на членките на еврозоната, објави членот на одборот на ЕЦБ, Ив Мерш.

Европската унија се обидува да ги заостри контролите уште од финансиската криза, но членките бавно донесуваа нови регулативи, што резултираше со регулаторен „неред” што го отежнува супервизискиот оддел на ЕЦБ да ги проверува кандидатите за директорски места.

„ЕЦБ ќе ги затвори постојните„ дупки” со примена на построги и потемелни проценки на кандидатите”, напиша Мерш, заменик-шеф на надзорната гранка на ЕЦБ, во написот објавен во неколку весници.

ЕЦБ не само што ќе ги провери квалификациите, туку и детално ќе ги испита информациите што можат да ја нарушат репутацијата на кандидатот за позициите на одборот, вклучувајќи ги и можните судски пресуди и тековните судски или административни постапки, објасни Мерш.

Во иднина, банките ќе мора да побараат дозвола од ЕЦБ пред да назначат кандидати за одбори, а ЕЦБ ќе формира нов тим за проверка на членовите на одборот и санкциите за банките.

Мерш, исто така, објави нови прописи за проверка на сегашните членови на одборот кога ќе се откријат нови информации.

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Италија ги избра „Bank of America” и „Orrick” за советници во приватизацијата на Monte dei Paschi (MPS)

Објавено

на

Италијанското Министерство за финансии ги избра „Bank of America” и „Orrick” за финансиски и правни советници за да обезбедат договор за спојување на спасената италијанска банка „Monte dei Paschi” (MPS) како дел од планот за приватизација, изјавија за „Reuters” четири извори блиски до ова прашање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 104,6 милиони евра

Објавено

на

Нето добивката на НЛБ групацијата заклучно со третиот квартал на 2020 година достигна 104,6 милиони евра, што е за 36% помалку во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно