Connect with us

НБРМ

ЕЦБ ја продолжи важноста на репо-линијата и ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување. Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година.

Оваа промена овозможува значителна поддршка за Народната банка од ЕЦБ, со оглед на тоа дека создава дополнителен простор за брзо и ефикасно дејствување доколку има потреба од ублажување евентуални натамошни ефекти од корона-кризата врз домашната економија и финансиските пазари, имајќи ја предвид неизвесноста на актуелната глобална криза.

Во досегашниот период, Народната банка нема искористено средства од одобрената репо-линија, со оглед на постојаното одржување и на денарската, и на девизната ликвидност на банкарскиот систем на соодветно ниво, со видлива тенденција на натамошен пораст на ликвидните средства на банките во последните неколку месеци. Сепак, ликвидносната поддршка добиена од ЕЦБ подразбира и дополнително зајакнат капацитет на нашата централна банка за дејствување заради остварување на своите цели и задачи, а при евентуално затегнување на финансиските услови на меѓународните пазари поврзано со корона-кризата и нејзините негативни ризици врз глобалната економија. Токму при вакво сценарио, овој инструмент на ЕЦБ ѝ овозможува на Народната банка брз пристап до ликвидност во евра и под поволни пазарни услови.

Дополнителна предност на репо-линијата којашто ЕЦБ ѝ ја има одобрено на Народната банка е што таа овозможува поедноставен пристап до девизни средства во евра, без притоа Народната банка да ги продава на трајна основа хартиите од вредност со кои располага по евентуално понеповолни пазарни услови на меѓународните финансиски пазари. Доколку е потребно, користењето на средствата од репо-линијата може да биде постепено, сѐ до постигнувањето на предвидениот максимален износ.

Репо-линијата одобрена од ЕЦБ претставува потврда за подготвеноста на Народната банка, во рамките на своите надлежности, соодветно и навремено да им одговори на предизвиците од тековната криза и успешно да ја одржува ликвидноста и макрофинансиската стабилност.

Народната банка упати благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка преку продолжувањето на важноста на оваа линија.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг” – промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг”, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг” објави авторски текст на гувернерката, во кој се наведува дека родовите, етничките и културните разлики се голема придобивка за институционалната култура, како и во креирањето и спроведувањето на политиките. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Продолжува растот на депозитите и на кредитната поддршка

Објавено

на

Паричната маса во јуни годинава, бележи месечен раст од 1,1 проценти што во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, а во помала мера и на долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити, при пад кај готовите пари во оптек. Годишниот раст изнесува 8,3 проценти и главно е резултат на повисоките депозитни пари, при помал позитивен придонес и на краткорочните депозити и готовите пари во оптек, а во услови на забележан пад кај долгорочните депозити до две години, информираат од Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

Објавено

на

Поголема транспарентност и достапност на податоците за банкарските производи за граѓаните, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите, се предвидува со Насоките коишто беа донесени вчера, за содржината, обликот и начинот на објавување на податоците за најрепрезентативните кредитни и депозитни производи на банките и штедилниците за физички лица. Насоките беа потпишани од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателката на Македонска банкарска асоцијација (МБА), Маја Стевкова-Штериева. (more…)

Продолжи со читање


Популарно