Connect with us

Странски банки

ЕЦБ ја заврши претходната 2017та година со профит од 1,3 милијарди евра

Објавено

на

Добивката на Европската централна банка (ЕЦБ) за претходната 2017та година изнесува 1,3 милијарда евра и е поголема за 100 милиони евра во однос на 2016та година, објави ЕЦБ во својот финансиски извештај за 2017та година.

Нето приходот од каматите од хартиите од вредност за целите на монетарната политика достигна 1,1 милијарда евра и исто така е зголемен за 100 милиони евра во споредба со 1,0 милијарди евра остварени во 2016-та година.

Билансот на успех на Европската централна банка се зголемил на 414 милијарди евра, односно достигнал раст од 19% (65 милијарди) во споредба со претходната 2016-та година кога изнесуваше 349 милијарди евра.

Ревидирани финансиски извештаи на ЕЦБ за 2017-та година покажуваат дека нето добивката е зголемена за 82 милиони евра до 1,275 милијарди евра, главно како резултат на повисокиот нето приход од камати во потрфолиото во американскот долар и портфолиото на програмата за купување на средства.

Во 2017-та година нето приход од камати е во износ од 1,812 милијарди евра во споредба со 1,648 милијарди евра во 2016-та година. Нето приходот од камата на странските резервни средства расте до 534 милиони евра од 370 милиони евра од претходната година поради повеќе приходи од повисоките камати на портфолиото на американскиот долар.

Нето приходот од каматата на ЕЦБ, произлегува од програмата за купување на средства, пак, се зголемува со 140 милиони евра до 575 милиони евра, како резултат на тековните набавки на хартии од вредност по оваа програма.

Нето-добивката на ЕЦБ е доделена на националните централни банки на еврозоната (NCBs). Првично Управниот одбор донел одлука да изврши времена распределба на добивката во вредност од 988 милиони евра на 31-ви јануари 2018-та година, а остатокот од добивката во износ од 287 милиони евра ќе се исплати на 23-ти февруари 2018-та година, се вели уште во соопштението на ЕЦБ.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange