Connect with us

Странски банки

ЕЦБ спроведе стрес тест: Колку банките се отпорни во случај на нова тешка финансиска криза?

Објавено

на

Повеќето кредитни институции во еврозоната се добро подготвени доколку клиентите се одлучат за нагло повлекување на своите депонирани пари. Во принцип, ликвидната состојба на банките во еврозоната е „удобна“ и покрај некои слабости, велат супервизорите на Европската централна банка, кои спроведоа специјален стрес-тест во кој учествуваа 103 финансиски институции.

За индивидуалните кредитни куќи нема дополнителни информации.

Супервизорите на ЕЦБ преку стрес тестот сакаа да знаат колку дена банките можат да ги „одржат своите активности“ во случај на шок „врз основа на расположливи пари и обезбедување без пристап до пазарите за финансирање“. Според информациите, околу половина од монетарните институции можат да опстојуваат повеќе од шест месеци, без да се потпираат на странски капитал. И најранливите банкарски институции со правилна алокација на ресурсите би издржале во работењето повеќе од четири месеци.

Истражувањето покажа дека банките имаат повеќе време да реагираат на финансиските превирања отколку што беше случај пред тешката финансиска криза.

Од немирите во 2008 година, супервизорите ги зајакнаа регулативите. Од банките се бара да имаат доволно осигурани средства за непрекинато да функционираат 30 календарски денови во случај на недостаток на ликвидност. Од ноември 2014 година, ЕЦБ директно ги надгледува најголемите финансиски институции во еврозоната.

Истрагата не може да се спореди со сеопфатниот стрес-тест од минатата година. Во тоа време, европските банкарски супервизори испрашуваа колку 48 големи банки се подготвени за сериозни кризи.

Главниот стрес-тест заедно со Европската банкарска агенција ЕБА се спроведува секоја година. Во меѓувреме, супервизорите на ЕЦБ спроведуваат истражувања за одредени специфични теми.

Странски банки

Банките и регулаторите ја губат битката против перењето пари

Објавено

на

Податоците протекоа од мрежата за спроведување на финансиски злосторства на Министерството за финансии на САД, кои дадоа слика на банки презаситени од огромниот обем на потенцијални сомнителни трансфери, без ниту ресурси ниту волја темелно да се справат со проблемот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase ќе плати казна за берзански манипулации

Објавено

на

Три американски регулатори во текот на вчерашниот ден истовремено објавија за постигнат договор со „JPMorgan Chase” за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно