Connect with us

Странски банки

ЕЦБ се подготвува за печатење на нови 500 милијарди евра

Објавено

на

Инфлацијата во Еврозоната падна на најниско ниво за четири години, поради што аналитичарите и учесниците на пазарот предвидоа нови парични стимулации од Европската централна банка, објави „Bloomberg“.

Индексот на потрошувачките цени покажува минимален раст, а економијата во Европа паѓа во се подлабока рецесија.

Наспроти ова, економистите очекуваат ЕЦБ да објави нова серија на вонреден откуп на хартии од вредност. Повеќето од економистите очекуваат зголемување на стимулациите од најмалку 500 милијарди евра, што значи дека нивниот вкупен износ за оваа година ќе достигне 1,6 билијарди евра.

Евентуалното зголемување на директната набавка на обврзници на финансискиот пазар ќе ја зајакне улогата на ЕЦБ во економското закрепнување на европската економија по корона кризата.

Покрај тоа, ЕЦБ ќе обезбеди еден вид „горна граница“ на каматните стапки на државните обврзници, што е многу важно во позадината на амбициозниот план на Европската комисија за издавање пан-европски обврзници.

Досега, макроекономските податоци ги потврдуваат мрачните прогнози на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која предвидува дека економијата на Еврозоната ќе се намали од 8% до 12% до крајот на 2020 година.

Повеќето економисти испитани од „Bloomberg” очекуваат дека програмата за директен откуп на обврзниците ќе продолжи во 2021 година.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно