Connect with us

Странски банки

ЕЦБ предупредува: Инфлацијата може да се засили, а еврозоната би можела да западне во рецесија

Објавено

на

Изгледите за инфлацијата во еврозоната не се подобрија и покрај растот на каматните стапки, изјави членката на одборот на Европската централна банка (ЕЦБ) Изабел Шнабел, предупредувајќи истовремено дека и на еврозоната и се заканува рецесија.

Во јули, централната монетарна институција на еврозоната ги зголеми клучните каматни стапки за половина процентен поен, со цел да го спречи силниот раст на цените, поттикнат од растот на цените на енергијата и храната.

„Во јули решивме да ги зголемиме каматните стапки за 50 базични поени бидејќи бевме загрижени за прогнозите за инфлација. Сепак, оваа загриженост од јули не стивнува… Мислам дека перспективата не е значително променета“, изјави претставничката на ЕЦБ во интервју за „Reuters”.

„Тој потег не беше доволен за промена на изгледите за инфлација“, нагласи Шнабел.

Инфлацијата достигна 8,9 отсто во јули и е повеќе од четири пати повисока од целта на ЕЦБ од два отсто, а може дополнително да зајакне и покрај зголемените трошоци за енергија што ја намалува куповната моќ на граѓаните и го забавува растот.

„Не би ја исклучила можноста за натамошно зајакнување на инфлацијата на краткорочна перспектива. Веројатно долго ќе живееме со инфлаторни притисоци, тие нема да стивнат толку брзо. Ќе треба време инфлацијата да се врати на два проценти“, рече Шнабел.

Во наредните години инфлацијата треба силно да се забави, но Шнабел истакна дека проекциите на ЕЦБ во изминатите квартали биле погрешни, па според неа, податоците за реалниот раст на цените треба да имаат позначајна улога во креирањето на монетарната политика.

Таа се согласува и со проценките дека еврозоната би можела да западне во рецесија.

„Постојат силни индикации дека растот ќе забави и не би ја отфрлила можноста за влегување во техничка рецесија, особено ако дополнително се намали снабдувањето со енергија од Русија“, рече Шнабел.

„Ризиците кои би можеле да го забават економскиот раст се зголемени, поради новите шокови во снабдувањето, предизвикани од сушата и ниското ниво на вода во големите реки. Се чини дека меѓу поголемите земји од еврозоната, Германија е најтешко погодена“, рече таа.

Рецесијата би ги ублажила ценовните притисоци, но тоа не би било доволно само по себе да ја врати инфлацијата на целното ниво, предупредува таа.

Вистина е дека на еврозоната и се заканува рецесија, но голем број сигнали истовремено упатуваат на заклучокот дека инфлациските очекувања можеби излегуваат од контрола, ја резимира Шнабел дилемата во која се најде ЕЦБ, соочена со изборот помеѓу ограничување на инфлацијата и поддршка на економијата.

„Дури и да влеземе во рецесија, малку е веројатно дека инфлаторните притисоци сами ќе се намалат“, додаде претставникот на ЕЦБ.

Странски банки

First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Објавено

на

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се разгледуваат дисциплински постапки против менаџерите на Credit Suisse!?

Објавено

на

Швајцарскиот финансиски регулатор (ФИНМА) објави дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против извршниот директор на „Credit Suisse”, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, „UBS”, со цел да се избегне колапс на банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Објавено

на

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА. (more…)

Продолжи со читање

Популарно