Connect with us

Странски банки

ЕЦБ планира да ја дигитализира европската валута – еврото!?

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) размислува за воведување на дигитално евро и планира да ја тестира идејата со пилот-проект почнувајќи од средината на октомври.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, изјави дека Европејците се повеќе се вртат кон дигитално трошење, заштеди и инвестиции, пренесува „SEEbiz“.

„Нашата улога е да обезбедиме доверба во парите. Тоа значи дека е потребно да се испита дали еврото одговара на дигиталната ера. Треба да бидеме подготвени да го лансираме дигиталното евро, доколку е потребно“, изјави Лагард, директорката на централната монетарна институција во еврозоната.

Според планот на ЕЦБ, дигиталното евро би било слично на биткоинот, но за разлика од другите крипто-валути, ќе биде под надзор на централната банка.

Дигиталните валути користат блокчејн технологија или големи датотеки со податоци за трансакциите. И дигиталното евро би се засновало на таа технологија и би се користело во мрежни трансакции.

„Дигиталната верзија на заедничката европска валута ќе биде достапна за сите граѓани и компании во еврозоната”, наведуваат од ЕЦБ, додавајќи дека таа ќе биде „слична на банкнотите, но во дигитална форма“.

Целта на ЕЦБ е дигиталното евро да биде како додаток на готовината, а не како директна замена за „кешот”.

Се планира дискусија за идејата со граѓани, академици, финансискиот сектор и владите за да се проценат нивните потреби.

Јавната консултација и пробната фаза ќе започнат на 12 октомври, соопштуваат од ЕЦБ.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно