Connect with us

Форекс

ЕЦБ: Падот на глобалната употреба на еврото е намален, учеството на доларот е најниско во последниве две децении

Објавено

на

Глобалната употреба на еврото беше стабилна минатата година по константниот пад по должничката криза во Еврозоната, но надежите за раст на побарувачката не се оствариле, наведува ЕЦБ.

Лансирана пред повеќе од 20 години, европската единствена валута отсекогаш играше улога на „втора виолина“ во однос на американскиот долар, иако ЕЦБ себеси си постави за цел да ја зајакне својата глобална улога, и делумно да го намали потпирањето на американската валута во услови на растечки глобални трговски тензии, пренесува „Reuters“.

Еврото учествуваше со 20,5 проценти од глобалните девизни резерви на крајот на 2019 година, што претставува зголемување за 20,3 проценти во однос на 2018 година, додека нејзиното учество во доспеаните меѓународни должнички хартии од вредност се намали на 22,1 проценти од 22,4 проценти колку што изнесуваше една година претходно, се наведува во годишниот извештај на ЕЦБ за единствената европска валута.

Кај меѓународните депозити надвор од 19-члениот блок, улогата на еврото останува во голема мера непроменета, додека нејзиното учество во кредитите на глобално ниво се зголеми за еден процентен поен.

„Неодамнешната пандемија на вирусот Ковид-19 ја потенцираше итноста на политиките и напорите за реформи кои се клучни за зајакнување на атрактивноста на еврото на глобално ниво“, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

Како и еврото, така и доларот го загуби уделот на пазарот во однос на другите светски валути во последната деценија, како што се јапонскиот јен и британската фунта, но сепак доларот и еврото сè уште сочинуваат над 80 проценти од глобалните девизни резерви.

„Учеството на американскиот долар, која претставува водечка светска резервна валута, дополнително падна на најниско ниво во последните две децении, што укажува на фактот дека продолжува трендот на постепена диверзификација на портфолиото на глобални девизни резерви“, заклучи ЕЦБ.

Форекс

Руската рубља е најпотценета валута во светот!?

Објавено

на

Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот повторно паѓа, цената на нафтата расте

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на нафтата во пораст од 8 проценти

Објавено

на

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за 8 проценти за само една недела. (more…)

Продолжи со читање

Популарно