Connect with us

Странски банки

ЕЦБ: Наскоро ќе заврши силниот раст на цените во еврозоната

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека инфлацијата го достигнала врвот во ноември, што значи дека би било прерано да се зголемат каматните стапки бидејќи растот на цените веројатно постепено ќе забави следната година, рече членката на одборот Изабел Шнабел.

„Се очекува инфлацијата да падне на два отсто следната година, бидејќи проблемите со прекинот на снабдувањето се намалуваат и цените на енергијата паѓаат”, изјави Шнабел за телевизијата „ЗДФ”.

Нејзината сегашна вредност ги одразува прекините на снабдувањето, но и ниските цени минатата година, во екот на пандемијата, објасни претставникот на ЕЦБ.

Според неа, повеќето прогнози всушност се засноваат на претпоставката дека инфлацијата ќе падне под два отсто, „што значи дека навистина нема индикации дека растот на цените излегува од контрола”.

„Доколку очекувавме инфлацијата трајно да остане над нивото од два отсто, сигурно ќе реагиравме. Меѓутоа, во моментов не гледаме индикации дека тоа би можело да се случи”, нагласи Шнабел во интервјуто за „ЗДФ”.

Странски банки

„Bank of England” ја зголеми основната каматна стапка со што ја зголеми загриженоста за рецесија

Објавено

на

Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите

Објавено

на

„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки

Објавено

на

Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно