Странски банки
ЕЦБ мора да ги задржи монетарните поттикнувања бидејќи кризата се уште не е мината


Европската централна банка (ЕЦБ) мора да го задржи приливот на монетарни поттикнувања, бидејќи економијата во еврозоната и натаму е под влијание на пандемијата и покрај поинтензивните вакцинации, изјави денеска претставникот на ЕЦБ, Јанис Стурнарас.
Гувернерот на грчката Централна банка во ексклузивно интервју за „Reuters” изјави дека економското закрепнување останува кревко и дека во отсуство на докази што укажуваат на период на висока инфлација во догледна иднина, за ЕЦБ е прерано да го забави итното купување обврзници .
„Вакцинацијата е забрзана, но се уште има ограничувања на патувањата, така што не можам да кажам дека опасноста помина”, рече Стурнарас.
Со оглед на прогнозата за инфлација, која во следните години треба да остане под поставената цел од ЕЦБ – од два процента, Стурнарас поддржува продолжување на програмата за итни набавки на ЕЦБ поради пандемијата (ПЕПП) вредна 1.850 милијарди евра според сегашната динамика.
„Во моментов не гледам никаква причина за каква било промена на темпото на ПЕПП”, рече тој.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје