Connect with us

НБРМ

ЕЦБ за првпат овозможи Народната банка да има пристап до девизна ликвидност во евра

Објавено

на

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето, преку одобрување на билатерална репо-линија. На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека е потребно. Со тоа, ЕЦБ покажа подготвеност за поддршка нa Нaродната банка во условите на кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.

„Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.

И денарската и девизната ликвидност на нашата економија, и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем.“ – истакнува меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ.

Во име на Народната банка, гувернерката упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка.

Народната банка и натаму секојдневно ќе го остварува својот максимален влог за македонската економија и за нејзиното приближување кон големото европско семејство. И во текот на корона-кризата, таа продолжува по патот што води до Европскиот систем на централни банки.

НБРМ

Извршниот директор во ММФ, Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“

Објавено

на

Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Јакнењето на финансиската стабилност е од голема важност за закрепнувањето на македонската економија

Објавено

на

Последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но во голема мера ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Последно расположивите податоци покажуваат значително подобрување на состојбата на економијата, но јасно е дека неизвесноста е особено изразена. Ова е карактеристично за вкупната глобална економија, чие закрепнување се потпира на фактори поврзани со јавното здравје и на економски фактори кои е тешко да се предвидат. Оттаму, потребно да се продолжи со постојано следење на состојбите, прилагодување на политиките и преземање навремени мерки. ММФ и натаму, секогаш кога има потреба и простор за тоа ќе испорачува поддршка за економиите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ: И покрај ковид-кризата, Народната банка продолжува со значаен прогрес во сферата на статистиката

Објавено

на

Непрекинатото навремено објавување на квалитетни статистички податоци и во специфичните околности наметнати од пандемијата на ковид-19 е клучно за економијата, особено заради носењето соодветни одлуки на економските субјекти и соодветно димензионирање на политиките и мерките. И покрај ковид-кризата, Народната банка продолжи да остварува значаен напредок во сферата на статистиката, со клучни залагања за спроведување на највисоките и најновите меѓународни стандарди. (more…)

Продолжи со читање

Популарно