Connect with us

Странски банки

ЕЦБ: Дополнителни 20 милијарди евра за банките во еврозоната во борба против корона пандемијата

Објавено

на

Банките во еврозоната ќе имаат на располагање дополнителни над 20 милијарди евра како дел од финансиските мерки кои се преземени во борба против коронавирусот, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Макропруденцијалните мерки ќе ослободат повеќе од 20 милијарди евра банкарски капитални грантови кои ќе им бидат дадени на банките во еврозоната за ублажување и апсорбирање на загубите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, како и за дополнителна поддршка на кредитирањето, се наведува во соопштението на ЕЦБ.

„Европската централна банка ги поддржува макропрудентните мерки преземени од страна на службените лица во еврозоната за да се спротивстави на негативното влијание од пандемијата на коронавирусот врз финансискиот сектор“, се вели во соопштението на Европската централна банка.

Овие средства значително ќе ја зголемат кредитната способност на банките во еврозоната.

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно