Connect with us

Странски банки

ЕЦБ ги советува банките да не исплаќаат дивиденди до почетокот на следната година

Објавено

на

Банките во еврозоната би требало да причекаат со исплата на дивиденди и откуп на акции до 1 јануари следната година, стои во најновите препораки на Европската централна банка (ЕЦБ).

Во ЕЦБ се надеваат дека ова ќе ја зајакне способноста на заемодавателите да апсорбираат загуби за време на пандемијата од коронавирус, истовремено зголемувајќи го капиталот за да можат да продолжат да одобруваат кредити на потрошувачите и компаниите.

„Создавањето силни заштитни слоеви на капитал и ликвидност од последната финансиска криза им овозможи на банките да продолжат со кредитирање на домаќинствата и на компаниите за време на оваа криза и со тоа да помогнат во стабилизирање на реалната економија“, изјави во вторникот Андреа Енриа, претседател на Надзорниот одбор на ЕЦБ.

„Затоа, најважно е да се охрабрат банките да користат заштитни слоеви на капитал и ликвидност сега за да продолжат да се фокусираат на главната задача, а тоа е кредитирање“, додаде тој.

Досега, ЕЦБ бараше од банките да се воздржат од исплаќање дивиденда на акционерите до 1 октомври. Затоа, многу банки ги откажаа планираните исплати на дивиденда темелени врз основа на финансиските резултати во 2019 година или барем ги намалија.

ЕЦБ директно ги набљудуваше најголемите банки и банкарски групации во еврозоната од 2014 година, чиј број во моментот се искачи на 115 институции во еврозоната од 19 држави, што претставува скоро 82 проценти од вкупниот пазар.

Странски банки

Во Шведска исчезнува плаќањето во готово, дури и џепарлакот на децата им го уплатуваат на картичка

Објавено

на

Монетите и банкнотите веќе долго време не се омилено платежно средство во Шведска, а кризата предизвикана од коронавирусот само го засили трендот на безготовинско плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Преполовена добивката на хрватските банки

Објавено

на

Банките во Хрватска остварија бруто добивка од 1,98 милијарди куни во првата половина на оваа година, што е речиси за половина помалку отколку во истиот период од минатата година, покажуваат податоците на Хрватската народна банка (ХНБ). (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Лондонски „Schroders” го намали својот удел во НЛБ на под пет проценти

Објавено

на

Сопственичкиот удел на лондонската компанија „Schroders Plc” во словенечката НЛБ банка се намали на ниво под 5 проценти од досегашните 5,108%, објави банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно