Connect with us

Странски банки

ЕЦБ ги предупреди европските банки за ризикот од соработување со Русија

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди кредиторите со значителна изложеност на Русија да се подготват за воведување меѓународни санкции против таа земја доколку Москва изврши воен напад врз Украина.

Предупредувањето на ЕЦБ, која ги надгледува 115-те најголеми банки во еврозоната, дојде откако САД се заканија дека Русија ќе се соочи со „големи последици“ доколку испрати војници во Украина.

Санкциите, според ЕЦБ, значително ќе ги зголемат ризиците за меѓународните банки, вклучително и француската „Сосиете Женерал”, австрискиот „Рајфајзен” и италијанската „Уникредит банка”.

Претставници на ЕЦБ побараа детали за тоа како банките ќе постапуваат во различни сценарија, како што е можноста за блокирање на пристапот на руските банки до меѓународниот платен систем SWIFT. Во барањата се нагласува дека ЕЦБ сака да обезбеди европските банки да можат да применат каков било режим на санкции и брзо да ги блокираат клиентите со кои им е забрането да соработуваат.

Централната банка ги истражуваше ризиците од различни можности и вршеше притисок врз банките да ги споделат деталите за сопствените проценки и плановите за вонредни ситуации, според извори запознаени со деталите. Наведените банки не сакаа да ја коментираат оваа информација.

Останато

Бундесбанк: Германското стопанство зимава ќе влезе во рецесија

Објавено

на

Германското стопанство ќе западне во рецесија во зимската половина од годината, по неочекуваното зголемување на активноста во летниот квартал, предупреди Централната банка. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Избрани финалистите на НЛБ Групацијата во проектот #РамкаЗаПомош

Објавено

на

Ако можеме да судиме според ентузијазмот, идеите и иновативноста на компаниите кои годинава учествуваа во проектот #РамказаПомош на НЛБ Групацијата, нема од што да се плашиме кога станува збор за одржливата иднина. Во проектот учествуваа дури 300 компании од шест пазари, со кои главната банкарска групација во Југоисточна Европа бараше одржливи решенија за предизвиците на иднината. Жирито избра 10 финалисти од секој пазар, кои меѓу другото се натпреваруваат и за спонзорски финансиски средства со кои ќе можат да ги реализираат своите идеи. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарски банкарски гигант ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Објавено

на

Швајцарскиот банкарски гигант “Credit Suisse” се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти надлежниот суд во Париз. (more…)

Продолжи со читање

Популарно