Connect with us

Странски банки

ЕЦБ ги намали прогнозите за раст за 2020 година

Објавено

на

Европската централна банка ја намали прогнозата за раст на Еврозоната на 1,1% во 2020 година.

Сепак, економската активност се очекува да забрза на 1,4 проценти во 2022 година, изјави новиот претседател на банката Кристин Лагард.

Инфлацијата ќе се искачи на 1,6 проценти во 2022 година, по 1,1 отсто колку што се предвидува во 2020 година, но ќе остане под целта на институцијата од близу два проценти.

За 2021 година, ЕЦБ очекува инфлацијата да се движи на ниво од 1,4 проценти. Ова е незначително помалку од последните проценки објавени во септември, додека прогнозата за раст за 2021 година останува непроменета од септемвриските предвидувања и изнесува 1,4 проценти.

Кристин Лагард ги посочи првите знаци на стабилизација во еврозоната, користејќи формулација што рефлектира претпазлив оптимизам.

На нејзината прва прес-конференција за монетарната политика, Лагард рече дека европската економија сè уште е под притисок од голем број ризици, меѓу другите и повикувајќи се на протекционистички тензии.

„Растот на пазарот на трудот и растот на платите продолжуваат да ја поддржуваат еластичноста на економијата во еврозоната“, рече Кристин Лагард, додавајќи дека резултатите, иако се слаби, укажуваат на одредена стабилизација.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно