Странски банки
ЕЦБ ги комплетира банкнотите од серијата “Европа”


Европската централна банка (ЕЦБ) почна постепено да ја воведува новата серија “Европа” на Евро банкнотите во текот на изминативе неколку години, а планира истата да ја комплетира до крајот на тековнава 2019-та година.
Четирите први банкноти од новата серија со апоени од 5, 10, 20 и 50 евра, започнаа да циркулираат во 2013, 2014, 2015 и 2017 година, респективно. Изгледот на новите банкноти од 100 и 200 евра беше промовиран на 17 септември 2018 година, а ќе започнат да циркулираат на 28 мај 2019 година. Со нов ќе се комплетира издавањето на серијата “Европа”.
Претходно, ЕЦБ објави Одлука за ставање крај на издавањето на апоени од 500 евра, која беше донесена уште во мај 2016 година. Сепак, банкнотите од 500 евра сеуште активно се користат и секогаш ќе ја задржат својата вредност и можат да се разменуваат во национална централна банка на еврозоната во секое време.
Една од главните причини за донесување на одлуката за престанок на издавањето на апоени од 500 евра беше поради податокот дека банкнотите од ваква вредност активно се користат во перење и финансирање на тероризам, а многу ретко се користат од обичните граѓани на еврозоната. Не случајно овие деноминации во европските медиуми се нарекуваат “парите на Осама бин Ладен” – со името на лидерот на терористичката организација Ал-Каеда.
Серија “Европа”
Новите банкноти се нарекуваат серија “Европа”, бидејќи две од нивните безбедносни карактеристики содржат портрет на Европа. Гигура од грчката митологија беше вклучена во новите евро банкноти бидејќи има очигледна врска со континентот Европа и исто така дава човечки допир на банкнотите. Сликата на Европа била земена од вазна која е изложена во музејот Лувр во Париз.
Зошто нова серија на банкноти?
ЕЦБ и националните централни банки на Еврозоната се одговорни за интегритетот на евро банкнотите. Затоа тие донесоа одлука за имплементација на втора серија евро банкноти со значително подобрени безбедносни карактеристики што ја гарантираат безбедноста на банкнотите и ја одржуваат довербата на јавноста во валутата.
Странски банки
„Bank of England” ја зголеми основната каматна стапка со што ја зголеми загриженоста за рецесија


Банката на Англија одлучи да ја зголеми референтната каматна стапка најмногу во последните 27 години, по што најави дека Велика Британија во последниот квартал од оваа година ќе влезе во рецесија, која ќе трае до крајот на следната година. (more…)
Странски банки
Дојче банк оствари добивка од 960,2 милиони евра со што ги надмина очекувањата на аналитичарите


„Deutsche bank” ги надмина очекувањата на пазарот и забележа добивка во осмиот последователен квартал, остварувајќи нето приход во вториот квартал од 1,046 милијарди евра (1,06 милијарди долари). (more…)
Странски банки
Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарските сметки


Централната банка на Русија ги продолжи ограничувањата за повлекување долари и евра од банкарски сметки до март следната година, пренесува „Радио Слободна Европа”. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје