Странски банки
ЕЦБ ги зголеми проценките за инфлацијата во еврозоната



Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми проценките за инфлација во еврозоната, најавувајќи дека може да ги прекине монетарните стимулации во третиот квартал, и покрај проценките дека руско-украинскиот конфликт негативно ќе влијае на економијата.
ЕЦБ сега проценува дека инфлацијата ќе биде повеќе од двојно повеќе од овогодишната цел од два отсто и би требало да остане над тоа ниво следната година, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард на прес-конференција.
За оваа година банката проценува дека во просек ќе изнесува 5,1 проценти, што е значително повеќе од проектираните 3,2 проценти на декемвриската седница. Во 2023 година би требало да падне на 2,1 проценти и да биде за 0,3 процентни поени повисока од прогнозата во декември.
За 2024 година, проектираната стапка на инфлација е зголемена за 0,1 процентен поен, на 1,9 проценти.
„Руско-украинската војна значително ќе влијае на економската активност и инфлацијата преку повисоки цени на енергијата и стоките, нарушување на меѓународната трговија и послабата доверба”, предупреди Лагард.
Степенот на тоа влијание ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на сегашните санкции и можните дополнителни мерки, додаде таа.
Лагард сепак рече дека Управниот совет на ЕЦБ „верува дека има се поголеми шанси инфлацијата да се стабилизира на целта од два проценти на среден рок”.
Банката ја намали прогнозата за раст на економијата на еврозоната во оваа година за половина процентен поен на 3,7 отсто. Прогнозата за следната година е намалена за 0,1 процентен поен, на 2,8 отсто, додека за 2024 година е потврдена на 1,6 отсто.
Странски банки
ЕБОР ќе и даде заем на Молдавија во вредност од 300 милиони евра


Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе и даде на Молдавија заем од 300 милиони евра со цел и помогне на земјата да обезбеди дополнителни резерви на гас со кои би можеле да се надоместат можните прекини во снабдувањето предизвикани од руската војна против Украина. (more…)
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната



Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје