Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

ЕЦБ ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%

Објавено

на

Европската централна банка ги зголемила трошоците за надзор на банките за 21%, како одраз на повисоките трошоци за подготовка за Брегзит, според соопштението на оваа институцијата.

ЕЦБ оваа година ќе наплати 576 милиони евра, што претставува зголемување во однос на 475 милиони евра од претходната година, при што најмногу ќе платат најголемите кредитори кои директно ги надгледува ЕЦБ.

“Зголемувањето на процентните трошоци главно го одразува зголемувањето на бројот на вработени за банките кои се преселени или растат како резултат на повлекувањето на Велика Британија од ЕУ (Брегзит) и соодветните подготвителни проценки”, образложила од ЕЦБ.

Зголемувањето, исто така, ги одразува трошоците за надзор кои биле поголеми од минатата година, што довело до тоа ЕЦБ за надзор на банките имала дефицит во 2018 година.

Странски банки

Бундесбанк: Централните банки да внимаваат со дигиталните валути

Објавено

на

Гувернерот на централната банка на Германија, Јенс Видман истакна дека дигиталните валути издадени од централни банки во светот, можат да го дестабилизираат финансискиот систем и да ја влошат состојбата на банкарскиот бизнис. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Нов тим на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе

Објавено

на

Од денес, Штаермеркише Шпаркасе има нов тим во Управниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата со резултати од првиот квартал од 2019 година: Оствари нето добивка од 57,9 милиони евра

Објавено

на

На својата 55 – та седница Надзорниот одбор на НЛБ д.д. ги разгледа резултатите на НЛБ Групацијата за првиот квартал од 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange