Странски банки
ЕЦБ: Банките во еврозоната предвидуваат построги услови за одобрување кредит

Банките во еврозоната очекуваат дополнително заострување на условите за одобрување кредит во четвртото тромесечје и прогнозираат послаба побарувачка при забавување на економскиот раст и повисоки каматни стапки, покажа истражувањето на Европската централна банка.
Се чини речиси извесно оти еврозоната ќе западне во рецесија зимава, очекувањата нагло се влошуваат, што значи дека банките може да станат поизбирливи кога станува збор за одобрувањето заем, што дополнително ќе го продлабочи падот на активноста.
„Во четвртото тромесечје од 2022 година банките во еврозоната очекуваат значително поизразено нето заострување на кредитните стандарди за заеми на компании”, заклучи ЕЦБ врз основа на истражувањето во 153 банки.
Утврдено е дека банките во еврозоната очекуваат кредитните стандарди да бидат дополнително заострени и за станбени и за потрошувачки кредити.
Според анкетираните банки, стандардите за одобрување кредит веќе се заострени поради подигањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ, а повисоките трошоци за задолжување истовремено почнаа да ја намалуваат побарувачката.
Со цел да ја стави под контрола инфлацијата, централната монетарна институција на еврозоната годинава ги подигна каматните стапки за 1,25 процентни поени, а на седницата во четврток би требало повторно да ги зголеми, веројатно за три четвртини од процентен поен. Циклусот би требало да продолжи и наредната година.
Во преостанатите три месеци од годината, банките истовремено очекуваат пад и на побарувачката за корпоративни кредити и понатамошен „силен нето пад” на барањата за хипотекарни заеми, додаваат од ЕЦБ.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје