Connect with us

НБРМ

ЕФСЕ и натаму ќе финансира успешни проекти на Народната банка во сферата на финансиската писменост и финтек-секторот

Објавено

на

Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и во натамошниот период ќе ја поддржува Народната банка во нејзините активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија, коишто овозможуваат значајни придобивки за населението на долг рок. Оттука, ЕФСЕ со задоволство иницира вклучување на Народната банка и во циклусот на стратегиско планирање на Фондот, за да се овозможи соодветна поддршка за широката лепеза иницијативи коишто ги има Народната банка.

Ова го истакна претседателот на Одборот на директори на ЕФСЕ, Клаус Милер, на работниот состанок со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека е исклучително значајно што во досегашниот период ЕФСЕ успешно ги поддржува активностите на Народната банка во две значајни области коишто меѓусебно се надополнуваат. Имено, поголемиот дел од проектите коишто се поддржани од ЕФСЕ се во доменот на финансиската едукација. Меѓу другото, тие опфаќаат изработка на едукативни материјали, вклучително и публикации и видеоматеријали за финансиско образование на сите возрасни структури на населението. Со поддршка од ЕФСЕ се спроведе и мерењето на нивото на финансиската писменост на возрасното население во нашата земја, коешто даде насоки за соодветно осмислување на натамошните активности, вклучувајќи ја и изработката на првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

Како што беше истакнато на состанокот, со проектите поддржани од ЕФСЕ, Народната банка создава услови за зголемување на знаењата и разбирањето на финансиските производи од страна на населението, што е и значаен предуслов за поголема финансиска вклученост, како и за подобро користење на погодностите коишто ги нуди финтек-индустријата. Како резултат на подршката во финтек-сферата, неодамна беше направена сеопфатна анализа / анкета за финтек-индустријата.

ЕФСЕ е формиран од Германската банка за развој (KfW), со финансиска поддршка од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и Европската комисија. Неговата структура е јавно приватно партнерство, поради што се истакнува како модел со меѓународна улога и иновативна развојна политика. Овој организациски модел му овозможува на ЕФСЕ да мобилизира средства од приватни институционални инвеститори и да служи како платформа за координација на донаторските активности во регионот на Југоисточна Европа. ЕФСЕ промовира одговорен развој на финансискиот сектор во целните земји на ЕФСЕ.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно