Connect with us

Странски банки

ЕУ ќе им помага со 12,5 милијарди евра на земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Европската унија ќе го зголеми износот предвиден за финансирање на земјите кандидати за членство во Унијата за скоро 10% во следните седум години, одлучија шефовите на државите и владите на земјите членки на ЕУ на маратонска, петдневна седница.

Износ од околу 12,5 милијарди евра беа договорени од 27 европски лидери на седницата на Европскиот совет, што заврши околу пет часот наутро. Парите ќе бидат достапни за земјите од Западен Балкан во рамките на претпристапните фондови во текот на следните седум години.

Делот од засегнатите пари е наменет за финансирање на надворешно-политичките активности на Унијата, чиј вкупен буџет е намален, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Од повеќе причини, трошењето за надворешни политики е намалено, освен за една многу важна точка, а тоа е за земјите од Западен Балкан и нивната интеграција во Европската унија. Дури, таа ставка се зголеми за 10 проценти. „Направивме одлична работа во корист на земјите од Западен Балкан и нациите што живеат таму“, рече Орбан.

Иако се работи за голема сума пари наменети за шест земји од Западен Балкан, целосната нивна интеграција во ЕУ сепак носи значително поголеми придобивки.

Пример за тоа е Хрватска, која како најмлада членка на Унијата, ќе добие дури 22 милијарди од заедничкиот буџет во наредните седум години. Тоа е речиси двојно повеќе од сите шест земји од Западен Блакан, кои се наоѓаат во таканаречената „Балканската чекална” за влез во ЕУ.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно