Платежни картички
ЕУ ја ограничува доминацијата на Виза, Мастеркард и Американ Експрес!?


Aмерикански компании како што се „Visa”, „Mastercard”, „American Express” и „PayPal” доминираат во трансакциите за плаќање, а Европската унија сака да го промени тоа и да ја ограничи нивната доминација.
Пандемијата придонесе плаќањата со картички да бидат се почести, а Европската централна банка (ЕЦБ) си постави цел да ја ограничи доминацијата на американските компании во трансакциите за плаќање. Се верува дека потрошувачите не треба да бидат зависни од само неколку компании. Минатата есен, Европската комисија подготви „Стратегија на ЕУ за плаќања на мало“.
Пораката од ЕУ е дека мора да бидат достапни поквалитетни решенија за плаќање на граѓаните. Исто така, се очекува поголемата конкуренција да значи пониски цени и да им овозможи на приватните потрошувачи да бидат безбедни.
Овие цели, обединија 16 европски банки и банкарски групи од пет земји, како и двајца даватели на услуги за плаќање. Тие ја создадоа Европската иницијатива за плаќање (ЕПИ) и ќе се обидат да обезбедат дека важните податоци во трансакциите за плаќање не го заобиколат Стариот континент и не остваруваат повеќе приходи.
Се претпоставува дека во иднина, потрошувачите може да плаќаат со картичка или дигитален паричник каде било во Европа. Можностите за купување би биле неограничени и би ги регулирале банките со седиште во Европа. На пример, ако Германец сака да купи чанта во Франција, чаршав во Холандија или чоколадо во Белгија, тогаш најмногу му треба услугата на американските компании.
Повеќето плаќаат со „PayPal”, „Visa” или „Mastercard”. Според германската централна банка, две третини од плаќањата со европски картички се вршат преку овие компании. Американската супериорност во оваа област е се поголема заради другите платежни компании како што се „Apple Pay”, „Google Pay” и „Amazon Pay”. Сепак, оваа идеја за ЕУ може да има свои потешкотии. Имено, многумина се задоволни од услугите на споменатите американски компании и ја стекнаа довербата кај потрошувачите. Значи, европскиот систем ќе мора да биде ист, ако не и подобар, од американскиот.
Платежни картички
Mastercard world: За патувања и живот со привилегии


Доколку сте љубител на патувања, често патувате или тоа допрва ќе го правите, не двоумите се која платежна картичка да ја изберете како ваше средство за плаќање во странство. (more…)
Останато
Заштеди на бензин и струја – Храната доаѓа со бесплатна достава низ цело Скопје


Периодов би ги искористиле сите можни трикови за да заштедиме на бензин и струја, па ако тоа значи дека не мора да готвиме и да се возиме низ град во потрага по храна – прашањето би било: „Како одма да го изведам тоа?“ (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?


Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје