Connect with us

Странски банки

ЕУ формира специјална служба за борба против перењето пари

Објавено

на

Европската унија ќе формира централно тело за борба против нелегалните активности поврзани со перење пари, по низата скандали со висок профил, кои укажаа на слабостите на Европа во спречувањето на протокот на валкани пари преку нејзините банки.

Министрите за финансии се очекува официјално да ја овластат Европската комисија да даде препораки за ново „независно“ извршно тело со „директен орган“, се вели во нацрт-изјавата, која треба да биде одобрена на состанокот во декември.

Мисијата на ова тело е да биде полициска финансиска институција во согласност со правилата на ЕУ за соодветно внимание и други гаранции.

Најгласни застапници за оваа нова служба за избегнување на нови кризи се Франција и Холандија.

Европа беше погодена од неколку вакви скандали, од кои најголемиот беше перење на 30 милијарди евра руски пари преку Danske bank.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно