Connect with us

Останато

ЕУ собра пет милијарди евра на првата аукција на заеднички должнички хартии од вредност

Објавено

на

Европската унија собра пет милијарди евра со продажба на краткорочни должнички хартии од вредност на првата заедничка аукција на долгови, соопшти Европската комисија.

Како што е наведено, износот од 2,999 милијарди евра го собра од продажба на квартални должнички хартии од вредност и 1,977 милијарди евра од продажба на должнички хартии од вредност со рок на доспевање од шест месеци. На тој начин, ЕУ ја собра највисоката целна сума.

„Тримесечниот долг беше продаден со просечен негативен принос од 0,726 проценти, додека приносот на шестмесечната должничка хартија од вредност беше минус 0,733 проценти”, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Аукцијата на краткорочниот заеднички долг на ЕУ привлече голем интерес, со побарувачка за тримесечна должничка хартија за 3,39 пати поголема од понудената сума. Вредноста на собраните понуди за шестмесечната хартија од вредност беше 5,76 пати поголема од понудата.

Аукциите исклучиво ги користат државите и тие функционираат на тој начин што банките, во договор со продавачот, ја преземаат улогата на дилери, купуваат должнички хартии од вредност, а потоа ги продаваат на инвеститорите.

ЕУ користеше инструмент за продажба на обврзници за да собере 90 милијарди евра за програмата SURE за зачувување на работните места, ангажирајќи банки да продаваат долгови директно на крајните инвеститори.

Останато

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти

Објавено

на

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање


Популарно