Connect with us

Странски банки

ЕУ се поблиску до единствена банкарска унија – Што ги кочи германските банки?

Објавено

на

Европската Унија е се поблиску до создавање на единствена европска банкарска унија која треба да го поддржи развојот на пазарот на капитал, да ја зголеми довербата на инвеститорите, како и да ги прошири можностите за развој на приватниот сектор. По се изгледа дека компромис ќе биде постигнат благодарение на германскиот банкарски сектор кој сака да ја избегне состојбата на блокада на процесот со откажување од дел од своите барања бидејќи негативните последици од самото одложување може да бидат поголеми.

Првите позитивни сигнали за поголема европска банкарска интеграција ги испрати Олаф Шолц, министерот за финансии на Германија, кој истакна дека нема повеќе да се спротиставува на дел од клучните барања.

„Не можеме повеќе да си го дозволиме овој ќор-сокак. Тоа влијае на функционирањето на нашиот внатрешен пазар. И, тоа влијае на довербата на граѓаните на ЕУ во нашата способност да решат проблеми – дури и на оние проблеми што ги прифативме целосно“, рече Шолц на конференцијата „Иднината на финансиите“ на Блумберг во Франкфурт.

Берлин е подготвен да прифати форма на заедничко европско осигурување на депозити, нешто што ќе го стабилизира финансискиот систем со намалување на ризикот. Тој дел од планот е запрен, соочувајќи се со силен отпор од фискално конзервативните бундес сојузни држави и некои делови од германскиот банкарски сектор.

Затоа конечното решение од Берлин ќе зависи како од усогласеноста меѓу банките, така и од политичката волја на владејачката коалиција за поголем исчекор за креирање на нова рамка за надзор од страна на Европската централна банка што треба да води и кон поголема флексибилност при носењето на одлуки, но децентрализираноста може да биде проблем за големите играчи.

Заедничкиот договор за осигурување на депозити е најтешката пречка бидејќи побогатите земји се спротивставија на идејата да плаќаат за неуспесите на други држави. Германското Министерство за финансии предложи план каде националните системи сè уште ќе послужат како прва линија на одбраната во криза пред земјите да се свртат кон заедничка каса за ликвидност.

Странски банки

Сбербанк прогласена за највредниот руски бренд во светот

Објавено

на

Според меѓународната агенција „Brand Finance“, „Sberbank” е сè уште највредниот руски бренд. Вредноста на брендот „Sberbank” е 13.233 милијарди долари, што е за 870 милиони долари повеќе од вредноста која ја имаше кон крајот на 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Deutsche Bank: За две години дигиталните валути ќе бидат мејнстрим

Објавено

на

Новата студија изработена од страна на „Deutsche Bank” предвидува дека за две години дигиталните валути ќе бидат дел од мејнстримот во употребата на платежните средства. Германските банкари сметаат дека дигиталните валути може целосно да ги променат плаќањата, банкарските услуги, потоа мерките на централните банки како и да ја променат економската моќ. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Две земји имаа најдобар почеток на годината

Објавено

на

Економијата во еврозоната порасна во јануари со исто слабо темпо како и во претходниот месец, одржувајќи постојан слаб прилив на нови нарачки, покажува месечниот извештај на лондонски „Markit”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно