Connect with us

Компании

ЕУ сака да наметне нов данок за технолошките компании

Објавено

на

Новиот данок за технолошките гиганти како што се Фејсбук, Амазон и Гугл би можел на ЕУ да ѝ донесе околу пет милијарди евра годишно, изјави европскиот комесар за даночна политика, Пјер Московици, најавувајќи можен договор по однос на ова прашање до крајот на годината.

Разговорите добро напредуваат, истакна Московици во интервју за Би-би-си, истакнувајќи дека е можно помрднување од мртва точка по однос на тоа прашање кое предизвика контроверзии во целиот свет.

Европскиот комесар предупредува дека доколку договорот не биде постигнат до 25. декември, данокот нема да биде повторно прифатен на дневен ред пред крајот на следната година.

Tој потсетува дека меѓу доминантните прашања за следната година ќе бидат Брегзит, изборите за Европскиот парламент во мај и назначувањето на новиот европски комесар, така што е тешко да се замисли дека ќе има простор за договор по однос на данокот за технолошките компании.

Изјавата на Московици следува неколку дена откако Фејсбук повторно се соочи со бура од критики поради објавата дека во Велика Британија плаќа данок од 15,8 милиони фунти, со пријавени приходи од дури 1,3 милијарди фунти. По одбитокот поради огромните даночни олеснувања, конечниот данок ќе биде повеќе од преполовен и ќе изнесува 7,4 милиони фунти.

Новата иницијатива на ЕУ, исто така, ќе го зголеми притисокот и врз британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, кој претстави свој сопствен предлог за нов данок за технолошките компании.

На Московици во оваа фаза му е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Британија.

Европската комисија годинава објави предлог за данок од 3 отсто за приходите на големите интернет компании, чиишто глобални приходи надминуваат 750 милиони евра годишно.

Компании

Оглас за вработување на “System Administrator” во Panteleon GS

Објавено

на

We are looking for a System Administrator to maintain, upgrade and manage our software, hardware and networks. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување на “Administrative Officer” во Panteleon GS

Објавено

на

We are looking for a skilled Administrative Officer to undertake a variety of day-to-day office and clerical tasks. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Хакери украле приватни податоци на повеќе од 3 милиони клиенти на Волксваген

Објавено

на

Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на „групацијата Фолксваген“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно