Останато
ЕУ предлага реформи на Светската трговска организација


Европската комисија предложи серија реформи на Светската трговска организација (СТО), со цел нејзина модернизација и прилагодување на современите пракси во трговијата.
Предлозите на ЕУ за реформи доаѓаат по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе ја напушти СТО, доколку таа не се реформири, обвинувајќи при тоа дека САД не добиваат праведен третман од страна на Организацијата.
Како мерка на притисок, САД го блокираа усвојувањето на механизмот на СТО за надминување на трговските спорови, со што го парализираа целиот процес.
– Механизмот на СТО полека се движи кон застој. СТО веројатно се наоѓа во најголемата криза досега, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром, истакнувајќи дека правилата на Оргаизацијата не ги следеле технолошките промени и обемот на модерната трговија.
Како пример, таа посочи дека важечките правила на СТО недоволно ги регулираат прашањата за субвенциите доделени на претпријатија во државна сопственост, а и воопшто не ја покриваат трговијата по елекстонски пат.
Малмстром нагласи дека ЕУ решила да предложи реформи на СТО токму поради ваквите недостатоци, а не за да ги задоволи барањата на САД.
Предлозите на Еврокомисијата вклучуваат промени на правилата за доделување на субвенции кои придонесуваат за нарушување на пазарните фер услови, подобрување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста на механизмот за надминување на трговските спорови, со цел да се деблокирање процесот на негово воспоставување.
За да бидат спроведени предложените реформи на ЕУ, тие треба да бидат прифатени и одоберни од сите 164 земји членки на СТО.
Малмстром соопшти дека за предложените реформи од страна на ЕУ, веќе започнале разговори со Кина, а следната недела ќе има средби и со американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и со јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.
Тензиите во глобалната трговија ескалираа последниве месеци со одлуката на САД за воведување високи царини за увоз на челик и алуминиум, како и за зголмување на цариинските стапки за увоз на голем број кинески прозиводи. На ваквите мерки на САД, засегнатите страни одговорија со контрамерки поврзани со увозот на американски производи.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје