Connect with us

Останато

ЕУ повторно против перењето пари!

Објавено

на

Европската комисија подготвува нови, шести насоки против перење пари, а ќе има и специјална агенција затоа што, и покрај постојните регулативи, перењето пари во ЕУ продолжува.

„Нашите регулативи против перење пари се меѓу најострите во светот, но тие мора и доследно да се спроведуваат. Затоа што, многу земји на Унијата – вклучувајќи ја и Германија – немаа премногу волја и напор: парите се пари, премногу често не се прашува од каде потекнува”, рече потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровски.

Дури и некои реномирани банки не сакаат да „помогнат малку”: овие нови планови всушност се појавија кога во 2018 година се откри дека Данска банка со години перела пари преку една од своите релативно мали филијали во Естонија. Тоа не било ситно: се проценува дека станува збор за околу 200 милијарди евра – од сомнително или барем непознато потекло.

Ова ги охрабри сите членки на ЕУ да сфатат дека се потребни нови регулативи, но исто така и посебно тело што може смело да „гледа во прстите” на големите банки. Сепак, тоа беше одлучено на „европски начин”: прво треба да се договориме каде ќе биде седиштето на агенцијата, така што ќе биде подготвена за работа – дури за три години. Но, потоа и се оставаат уште две години за навистина да почне да функционира целосно.

Не можеме ни да ги замислиме размерите

Европската комесарка за финансиски услуги Меирид Мекгинис предупредува дека перењето пари е „јасна закана” – за граѓаните, за демократските институции и за целиот финансиски систем. Бидејќи се проценува дека дури 1,5% од БДП на Европската унија – а тоа се 133 милијарди евра – отпаѓа на работи со „валкани” пари. „Дупките што можат да ги користат криминалците мора да се затворат”, вели комесарката.

„Проблемот” на криминалците секогаш е ист: како да се „донесат” парите стекнати со криминал – на пример, наркотици, шверцување, уцени, грабежи или коцкања – во легалниот промет. Тука не станува збор само за организиран криминал на Стариот континент: Европа е популарна меѓу бандите ширум светот поради понекогаш големите пропусти во регулативите и целото богатство тука каде што е полесно да се „потопат” неколку милиони.

Многу работа се завршува „полу-легално”: преку анонимни компании и посредници за кои е тешко да се каже кој е вистинскиот сопственик. Тоа во блиска иднина не смее да се случува: Во ЕУ ќе се воведе индекс на сите сметки и нивните вистински сопственици – значи не само на поштенско сандаче во Панама.

Упатство број 6

Бидејќи има безброј трикови: парите се делат на помали износи, компании се основаат од компании кои поседуваат други компании, а трансакциите преку безброј сметки во странство се прашање на неколку секунди.

Против тоа веќе има многу прописи – најдоцна кога тие пари ќе се „појават” во Европа, на пример при купување недвижнини, но има многу пропусти.

Новото, сега 6-то упатство предвидува и надзор над крипто-валутите, кои, според мислењето на ЕУ, сè повеќе се во рацете на криминалците. И тука, од оние кои нудат услуга за трговија со такви пари, ќе биде побарано да знаат кој поседува некоја сметка.

Тука повторно постои стариот спор околу готовината: Европскиот комесар Домбровски предлага во ЕУ нешто да се купи во готово, со максимална вредност од 10.000 евра – но и тоа е спорно меѓу членките. Јасно е дека на банкнотите не пишува од каде потекнуваат. Навистина има случаи кога се купуваат цели згради – во готово.

Некои земји одамна воведоа строги граници, дури и Италија има многу строги регулативи, како и Грција. Но, во Германија или Австрија, клиент (буквално) со полни џебови сè уште е добредојден гостин и практично, таму нема ограничувања. Околу 70% од циркулацијата на парите во ЕУ сè уште е во готовина.

Секој скандал – еден премногу

И австрискиот министер Гернот Бимел исто така протестира што толку се пцуе готовината како да ја користат само криминалци:

„Гледаме дека економските криминалци се повеќе преминуваат во дигиталниот простор и тука во иднина треба да вложиме повеќе напори. Мислам дека тоа би имало повеќе резултат отколку од тепка поставување горни граници за готовина што само ја засилуваат сегашната тенденција за целосно укинување на готовина”.

Готовината мора да остане платежно средство за кое не е потребен технички уред.

Иако мислењата се разликуваат, секој може да се согласи со изјавата на потпретседателот на ЕК: стабилноста на целиот обрт на пари на Европската унија е исто така во прашање:

„Секој скандал со перење пари е еден премногу”, смета Домбровски. Малку е веројатно дека некогаш ќе се спречи секоја зделка, но сигурно може да се стори нешто за надлежните служби сепак да знаат кој ги поседува милијардите евра кои кружат низ Европа.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно