Странски банки
ЕУ исклучи седум руски банки од системот СВИФТ, но ја нема најголемата Сбербанк


ЕУ потпиша одобрение за исклучување на седум руски банки од платежниот систем СВИФТ, вклучувајќи ја „ВТБ банка”, но на листата ја нема најголемата, „Сбербанк”. Освен „Сбербанк” на листата ја нема ни „Газпромбанк”, трет по големина кредитор во Русија, кој е тесно поврзан со енергетскиот сектор.
Банката „Откритие”, „Новикомбанк”, „Промсвјазбанк”, „Росија банка”, „Совкомбанк” и „ВЕБ” ги сочинуваат останатите шест банки на листата.
Исклучувањето на Русија од СВИФТ се смета за „нуклеарна опција“, бидејќи тоа би ги направило плаќањата речиси невозможни, освен преку застарени методи како факс.
Иако постои растечки политички моментум за посилен став, отсуството на „Сбербанк” и „Газпромбанк” од списокот покажува дека сè уште постои загриженост за потенцијалните економски реперкусии.
Списокот е изнесен од Комисијата по консултации со САД, рече еден од дипломатите.
За тоа беше разговарано во вторникот на состанокот на амбасадорите на ЕУ. Дебатата се фокусираше на списокот на банки, при што Полска се обидува да го прошири, велат дипломатите.
Според еден од дипломатите, „Полска би сакала тоа да биде поамбициозно“.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје