Connect with us

Останато

ЕУ денес ќе го презентира „дигиталниот паричник“

Објавено

на

Европската унија денес треба да ги претстави плановите за „дигиталниот паричник“ скроен за цела Унија, по барањата на земјите-членки да се изнајде безбеден начин за пристап на граѓаните до јавни и приватни услуги преку Интернет, пренесува „Financial Times“.

Апликацијата ќе им обезбеди на граѓаните ширум ЕУ безбеден пристап до низа услуги со користење на единствена интернет идентификациска ознака, пишува „Financial Times“.

Дигиталниот паричник ќе ги чува податоците за плаќање и лозинка и ќе им овозможи на граѓаните од сите 27 земји да се најавуваат на веб-страниците на локалните власти или да плаќаат сметки за комунални услуги со користење на еден препознатлив идентитет, посочува весникот, повикувајќи се на извори директно запознаени со плановите.

Апликацијата ќе биде достапна, меѓу другите методи, и со скенирање на отпечаток од прст или мрежница, а исто така ќе служи и како дигитален сеф во кој корисниците можат да складираат официјални документи како што е возачката дозвола, објави „Financial Times“.

Официјалните претставници на ЕУ ќе ги спречат компаниите кои имаат пристап до податоците на корисниците да го користат паричникот за каква било друга комерцијална активност, како што е маркетинг на нови производи.

Брисел преговара со земјите-членки за давање упатства за техничките стандарди за воведување на дигиталниот паричник, кој се очекува да биде целосно оперативен за околу една година, според „Financial Times“.

Останато

Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија

Објавено

на

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започна етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 година (вторник) започна етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно