Connect with us

Останато

ЕУ воведува данок за дигитални услуги во 2019 година

Објавено

на

Министрите за економија на Италија и на Франција нагласија дека ќе работат на брзо усвојување на предлогот на Европската комисија за воведување данок за дигитална услуга од 2019 година.

–  Прашањето за дигиталниот данок е од големо значење за граѓаните и ќе обезбеди поголема еднаквост и ефикасност, се вели во заедничко соопштение на италијанскиот министер за економија Џовани Триер и на неговиот француски колега Бруно Ле Мер

Тие, исто така, се согласија да работат на постигнување на брз напредок во усогласувањето на стапките на корпоративните даноци во Европа.

Министрите, исто така, велат дека ќе биде приоритет да се постави надградба на банкарската унија со цел да се гарантира „поголема стабилност, раст и работни места” во еврозоната, како и формирање на буџетот на еврозоната со цел да се обезбеди „поголема стабилизација и хармонизација”.

Останато

Стопанска комора: Поквалитетно формално образование и без предрасуди кон средното стручно

Објавено

на

Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Преку веб-платформата „Граѓански буџет“, граѓаните ќе имаат увид во Буџетот на РМ

Објавено

на

Буџетот на Република Македонија станува уште подостапен до граѓаните преку веб-платформата изработена од победниците на ФинХакатонот. Како што беше истакнато денеска на прес-конференција во Министерството за финансии, граѓаните ќе ги дели само еден клик до сите информации за приходите и расходите во буџетот. На овој начин буџетот ќе им стане подостапен на граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Исправни се мерките за одржливоста на пензиите, социјалната еднаквост и поддршка на вработеноста

Објавено

на

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange