Connect with us

Домашни банки

Еуростандард банка ја завршува соработката со СЦ Нет Македонија

Објавено

на

Еуростандард Банка АД Скопје, заклучно со 31.01.2019 година ја завршува соработката со СЦ Нет Македонија.

На 31.01.2019та година, Вашата СЦ Нет картичка ќе биде затворена и нема повеќе да функционира. Месечниот трошок за членство кон СЦ Нет во износ од 150,00 денари нема повеќе да се задолжува од салдото на Вашата трансакциска сметка. Трансакциската сметка со која е поврзана Вашата СЦ Нет картичка ќе остане активна и истата ќе може да продолжите да ја користите. Ве известуваме дека Вашата трансакциска сметка може да се поврзе со Master дебитна картичка издадена од Еуростандард Банка АД Скопје, која е бесплатна картичка и со која може да подигнувате готовина на Банкоматите од сите Банки во Р. Македонија без надоместок. За таа цел Ве повикуваме да ја посетите најблиската експозитура или шалтер на Еуростандард Банка АД Скопје со цел да ја вратите СЦ Нет картичката и да се информирате за поволностите на актуелните производи и услуги на Банката.” – се вели во соопштението објавено на веб страната на Банката.

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Натпревар за млади со идеи за социјално претприемништво

Објавено

на

Млади претприемачи со голема идеја и желба да извршат значително влијание врз општествените проблеми може да учествуваат на петтиот натпревар „Награда за социјално претприемништво“ – Social Impact Award – Kick Off SIA 2019, што ќе биде промовиран денес во Фондот за иновации и технолошки развој со почеток во 12:00 часот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка објавува jавен повик за избор на најповолен добавувач за набавка на осигурителни услуги

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје во согласност со интерните акти на Банката и позитивните законски прописи објавува јавен повик за избор на најповолен добавувач на осигурителни услуги за осигурување на градежни објекти, основни средства, мебел и компјутерска опрема, парични средства, физички лица, осигурување од одговорност за дејност, во согласност со дадена спецификација. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange