Платежни картички
Еуростандард Банка ја воведе првата уникатна миризлива Mastercard дебит бесконтактна картичка


Еуростандард Банка во соработка со глобалниот лидер за платежни решенија, од денеска за македонските граѓани воведе нова и уникатна Mastercard дебит бесконтактна картичка со мирис на малина.
Новата миризлива картичка е првата Mastercard дебитна картичка, а воедно и прва бесконтактна картичка во портфолиото на Еуростандард Банка, која доаѓа со бројни придобивки за клиентите. Имено, покрај стандардните функции и поволности за бесконтактни плаќања, картичката овозможува подигнување на готовина на банкомати на сите банки во земјата без надомест, без дополнителни трошоци за годишна членарина, бесплатна промена на ПИН бројот на банкомат на Еуростандард Банка, како и бесплатно користење на услугите м-банкарство и СМС банкарство од Еуростандард Банка.
,,Ми претставува особено задоволство што денес уште еднаш ја потврдуваме нашата пионерска позиција во обезбедувањето на нови и уникатни решенија за нашите клиенти. Упатувам особена благодарност до нашиот партнер Еуростандард Банка кои ги искомбинираа придобивките на бесконтактното плаќање со можностите кои ги нуди напредната производствена технологија, со што уште еднаш се потврдуваат заедничките амбиции за проширување на бенефитите за корисниците, кои светот на банкарското работење го поместуваат во една сосема нова, поразлична димензија.” – изјави Вања Манова, Регионален менаџер за Бугарија и Македонија во Mastercard.
Новата картичка со мирис на малина е достапна за сите нови и постојни клиенти на Банката, а освен нејзината надворешна привлечност, вклучува низа функционални придобивки за нејзините корисници како: едноставни, безбедни и брзи плаќања на ПОС терминали благодарение на бесконтактната технологија; лесен пристап до средствата 24 часа на ден, 365 дена во годината, преку мрежа на сите банкомати во земјата и низ целиот свет; едноставно и безбедно управување со банкарската сметка преку опциите за електронско банкарство и мобилно банкарство на Еуростандард Банка. Новата Mastercard дебит бесконтактна картичка има соодветен дел кој при протривање, мириса на малина.
,,Со воведувањето на новата Mastercard дебит бесконтактна картичка со мирис на малина во картичното портфолио на Еуростандард Банка, уште еднаш ги потврдуваме нашите јасни намери да им излеземе во пресрет на различните потреби на нашите клиенти, согласно последните технолошки трендови. Кон тие потреби, ние ја додадовме и уникатноста, па од сега, сите нови и постојни клиенти освен што ќе уживаат во придобивките кои им ги нуди светот на бесконтактното плаќање, ќе уживаат и во изгледот и уникатноста на нивната нова миризлива платежна картичка. Остануваме посветени на нашите клиенти и продолжуваме со реализација на активностите чии придобивки ќе ги ползуваат нашите клиенти, но и општеството во целина” – изјави Милена Спасовска, Раководител на Дирекција за дистрибутивни канали во Еуростандард Банка.
Компании
Динерс Клуб Македонија воведува новина во начинот на фактурирање – Од денес (1 јануари), членовите ќе добиваат сметка еднаш месечно


Динерс Клуб Македонија информира дека од 1 јануари, 2021 година ќе биде имплементирана новина во начинот на фактурирање на сметките за корисниците. Имено, од овој датум, Динерс Клуб Македонија ќе издава сметка еднаш месечно, односно само на 1ви во месецот, наместо досегашната пракса на фактурирање два пати во текот на еден месец, секој 1ви и 15ти во месецот. Aко датумот корепсондира со ден од викенд или неработен ден, фактурирањето ќе се префрли на првиот работен ден од месецот.
„По 25 години на македонскиот пазар и начинот на фактурирање наследен како принцип на работа од претходните сопственици, по промената на сопствеништвото на компанијата, ова е само една од низата новини и придобивки кои ќе им ги овозможиме на нашите постоечки и идни членови. Со ова, одговараме на барањата на корисниците за поедноставување на нашите услуги и унапредување на корисничката грижа.“ – истакнуваат од Динерс Клуб Македонија и додаваат дека за едномесечното генерирање
на сметка корисниците нема потреба да се пријават, услугата е апликативна по автоматизам за сите Динерс Клуб членови.
Заради празниците, првата сметка, членовите на Динерс Клуб Македонија ќе ја добијат на 4 јануари 2021 година, а следната на 1 февруари 2021 година.
Условите за плаќање на сметката не се менуваат, рокот за плаќање останува 8 дена од датумот на нејзиното издавање, а сметката, како и досега може да се плати во банка или преку e-банкарство.
Динерс Клуб Македонија потсетува дека уште 2 дена е активна новогодишната промоција за нови членови со едноставна и брза апликација, без трошоци за одобрување, без членарина за првата година и без уписнина. Дополнително со оваа промоција, новите членови добиваат 1000 денари на нивната Динерс Клуб сметката.
Платежни картички
Полн погодок со ЦКБ Visa!


Полн погодок со ЦКБ Visa! (more…)
Платежни картички
American Express новогодишна кампања со поврат на средства и до 20% од направената сметка


По повод претстојните празници започнува најголемата новогодишна шопинг кампања со American Express картичките на Силк Роуд Банка АД Скопје. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!