Connect with us

Домашни банки

Еуростандард Банка утре ќе изврши предвремена исплата на априлските пензии

Објавено

на

Еуростандард Банка ги известува своите клиенти дека сите приматели на пензии кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард Банка, ќе добијат исплата на пензиите во вторник на 28-април (утре).

Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка, имаат дополнителна можност за дозволено пречекорување во висина до 3 пензии.

Корисниците на дебитни картички пензиите ќе можат да ги подигнат на банкомати на Банката и на банкомати на сите други банки без провизија.

Пензионерите кои не се корисници на дебитни картички, Банката апелира при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.

Оние пензионери кои ја добиваат пензијата во својот дом, Еуростандард Банка ги известува дека ќе им биде доставена исто така на 28-април.

За поголема заштита на пензионерите, Еуростандард Банка исплатите ќе ги врши во термин од 08:00 до 12:00 часот.

Банката ги замолува сите клиенти кои не се пензионери, доколку имаат потреба да дојдат во некоја од експозитурите на банката, тоа да го сторат по 12 часот, со цел да им се даде предност и приоритет на пензионерите како најзагрозена група на граѓани.

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно