Connect with us

Домашни банки

Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

Објавено

на

На 3-ти јули 2020 година (петок), Еуростандард банка започнa со исплата на парични права од социјална и детска заштита, и тоа на сите корисници, без поделба во групи по азбучен ред.

Исплатени се корисниците на парична помош кои своите средства ги добиваат на картичка, клиентите кои средствата ги подигнуваат на шалтерите на банката, како и 20.000 корисници на парични права од социјална и детска заштита кои своите средства ги добиваат во својот дом.

Еуростандард банка е всушност и единствената банка во земјава која на своите клиенти паричната помош ја доставува директно до нивниот дом, и тоа на целата територија на државата.

Свесни сме за состојбата со пандемијата која нѐ засега сите и осврнувајќи се на препораките населението да не излегува од дома без поголема потреба, сакаме на сите наши клиенти кои не се во можност да ги подигнат своите средства од експозитурите да им излеземе во пресрет, со цел да не се изложуваат на дополнителен ризик. Веруваме дека со овој гест успеваме барем малку да придонесеме за поголема заштита на населението“, велат од Еуростандард банка.

Инаку, експозитурата Центар која е наменета исклучиво за корисниците на надомест од Министерството за труд и социјална политика, своите капацитети ги стави на максимум при што сите шалтери на експозитурата од 08 до 16 часот од понеделник до петок ќе им бидат на располагање на клиентите.

Дополнително, за корисниците на Mastercard дебитната картичка, Банката овозможи дополнителна поволност своите средства да можат да ги подигнат без надоместок, како на банкоматите на Еуростандард банка, така и на банкомати на сите други банки.

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје оствари добивка од 30,5 милиони денари во првите 6 месеци од 2020 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2020 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување, во услови на прогласена вонредна состојба во државата, поради пандемијата од вирусот COVID-19. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје од денеска (14.08.2020) преку брза и едноставна процедура ќе им одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка АД Скопје и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АЖУРИРАНО: Пензионерите на Еуростандард банка не треба да носат одјава во новата банка каде ќе примаат пензија

Објавено

на

Пред неколку дена пишувавме околу постапката “Што треба да направат пензионерите кои примаат пензија преку Еуростандард банка“, со цел да ја префрлат својата пензија во друга банка, откако стана јасно дека Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај. (more…)

Продолжи со читање

Популарно